САМООДРЕКУВАЊЕ
• Новата заповед вели:
Кој сака да ja спаси својата душа, нека ja погуби.
Што значи да се погуби душата?
Значи да се отфрли дејствувањето според сопствените чувства и да се принудиш себеси на дејствување според евангелските заповеди. На оној, кој така постапува, Евангелието му ги пренесува своите познанија и своите чувства, кои и’ припаѓаат на природата на новиот човек, обновен според подобието на Создателот и Искупителот наш.
Во тоа се состои принудувањето и присилувањето на себе, кое го наложува Евангелието. Тоа го означува советот, кој Светите Отци, толку често ro повторуваат:
„Дај крв и прими Дух!” Отсечи ги од себе својствата на паднатата природа и привиј ги својствата на природата обновена co Христа.
• Барам во себе самоодрекување и не го наоѓам!
Го барам човекот, кој би се одлучил да ја отфрли својата волја и расоблечен од било каква волја, да посака во целост да Го следи Христа, да ја исполнува Неговата волја – и не наоѓам таков човек!
Тагува мојот поглед среде многу луѓе како во пустина, не наоѓа глетка на Kojа би запрел и би се утешил!
Сите ние ги засакавме своите празни и глупави желби, го засакавме распадливото, минливото, телото и крвта и вечната смрт којa живее во нив! Тесниот пат – тоа е пат на самоодрекување; а самоугодувањето е тесно и на широк пат.
Се пробиваме, брзаме, се туркаме едни co други во веќе преполната адска бездна!
И денес постојат подвижници, но на нив ги нема победните венци, венците Христови. Венец Христов е Светиот Дух.
Co Светиот Дух Христос ги овенчува Своите војници победници.
Денес Духот не слегува затоа што подвижниците се подвизуваат незаконито.
„Ако некој војува, сепак венец не добива, бидејќи не се борел според правилата.
Ниеден војник – рекол апостолот – не се вплетува во светски работи, за да му угоди на својот началник” (2. Тим. 2, 45).
Сè што е пречка на самоодрекувањето и што во срцето внесува празни зборови – трговија е од овој свет. Бог co гнев гледа на неа и се одвраќа од војникот, кој се занимава co таква трговија!
• Одлучете пред сè, макар само co умот, да се откажете од себе заради Христа, својот ум да го ослободите од погубното и неразумно самовластие, да го потчините на заповедите Христови, да го потчините на Евангелието.
Почетокот на самоодрекувањето е во умот. Покорувајќи My ce на Христа, тој постепено во таа блажена покорност ќе ги доведе и срцето и телото.
Самоодрекувањето е страшно на прв, површен поглед.
Меѓутоа, штом човекот ќе се одлучи на самоодрекување, тој веднаш во душата ќе почувствува необична леснотија и слобода: леснотијата и слободата се сведоци на вистината.
Пренесено од книгата “Енциклопедија на православниот духовен живот” од Свети Игнатиј Брјанчанинов
Подготви Мина Даниловска