Потребни состојки за ова јадење:
Кромид или праз, лук според вкус, 50 – 100 грама печурки во тегла или пресни, сол, вегета, црн бибер, кечап или доматно пире, сецкани суви пиперки или буковска пипер, црвен мелен пипер, пченкарно брашно, масло.
Подготовка:
Празот или кромидот заедно со лукот(количината според желба) предходно исецкани пропржете ги, со повремено поливање по некоја капка вода за да не загорат, а да се динстаат.
Претходно сецканите поситно компири додајте ги, исто така, во тавата и малку и нив пропржете ги.
Сувите пиперки (според избор, балги или лути), исечени на парченца (јас ставам една лута и две благи) исто така се пропржуваат. На крај се става лажица црвен пипер.
Се зачинува со сол, црн бибер, вегета, доколку немаме суви пиперки со буковска пипер и се промешува.
Се претура цела оваа количина во тавче за печење во рерна.
Се полива со 250мл. ( или повеќе, според вкусот) млака вода, во која претходно се разматил малку (една лажица) кечап или доматен сос, се ставаат уште малку зачини за вкус или една вегетаријанска коцка.
На претходно загреана рерна се пече, најпрвин околу половина час, потоа се вади од рерна на кратко и се поросува со количина од половина чаша за кафе, пченкарно брашно и малку лебни трошки и две лажици ориз и пак сета количина добро се промешува.
Може и на самиот почеток да се стави пченкарното брашно и лебните трошки, дури според желба и поголема количина од наведената.
Се пече уште 20 – 30 минути.
И посниот вкусен ручек од време на мајка ми е спремен !