САМОЉУБИЕ
•Самољубието е изопачена љубов кон себе. Таа љубов е безумна и погубна.
Оној кој е самољубив, кој е врзан за суетното и минливото, за гревовните наслади – непријател е на самиот себе. Тој е – самоубиец: мислејќи дека се љуби себеси и си угодува себеси, тој се мрази и се погубува, се убива co вечна смрт.
• Очигледно: за да го засакаш ближниот како себеси, претходно треба правилно да се засакаш себеси.
• Се сакаме ли себеси?
Без разлика на тоа колку ова прашање е чудно, треба да се каже дека луѓето кои се сакаат себеси се многу ретки. Повеќето од луѓето се мразат себеси и се трудат да си нанесат колку што е можно повеќе зло.
Ако го измериме злото, кое му е направено на човекот во текот на животот, ќе најдеме дека ниту најлутиот непријател не му нанел толку зла, колку што човекот си нанел самиот на себе.
Секој од нас, кога непристрасно би се загледал во својата совест, би видел дека таквиот заклучок е оправдан.
Koja e причината за тоа?
Koja e причината што ние на себе, скоро постојано си правиме зло, а притоа, постојано и незаситно сакаме добро?
Причината е во тоа што правилната љубов кон себе ја заменивме co самољубие, кое нѐ наговара да се стремиме кон неразумно исполнување на нашите желби и нашата падната волја, раководени од лажниот разум и лукавата совест.
Нас нѐ водат и користољубието, и славољубието, и злопамтењето, и осветољубивоста и сите гревовни желби!
Ние се залажуваме себе, мислејќи дека и’ удоволуваме на љубовта кон себе, меѓутоа му удоволуваме само на нашето незаситно самољубие. Тежнеејќи да му удоволиме на своето самољубие, ние си нанесуваме зло, се погубуваме себеси.
Правилната љубов кон себе се состои во исполнување на животворните Христови заповеди: „А љубовта се состои во тоа, да постапуваме no Неговите заповеди” – рекол свети Јован Богослов (2. Jов.1, 6).
• Невидливиот подвиг против самољубието и човекоугодувањето, првобитно е поврзан co напор и усилена борба: нашите срца, како срцата на нашите отци и праотци, од времето на падот на нашиот родоначалник под власта на гревот, секогаш My ce
противат на Светиот Дух (Дела 7, 51).
Тие не се свесни за својот пад, туку луто jа бранат својата бедна состојба, како да е тоа сосема задоволителна состојба, како да е состојба на целосна победа.
Но, за секоја победа над самољубието и човекоугодувањето, срцето се наградува co духовна утеха; вкусувајќи ja таа утеха, тоа похрабро стапува во борба и полесно носи победа над себе, над она што е усвоено co падот.
Зачестените победи привлекуваат зачестени посети и утехи на благодат: тогаш човекот ревносно почнува да го гази самоугодувањето и своеволноста, стремејќи се по патот на заповедите кон евангелско совршенство, исповедајќи се и таинствено пеејќи My на Господа:
„Ќе побрзам по патот на твоите заповеди, кога ќе го рашириш срцето мое” (Псал. 118, 32).
Пренесено од книгата “Енциклопедија на православниот духовен живот” од свети Игнатиј Брјанчанин
Подготви Мина Даниловска