Самоволното давање совети покажува дека си припишуваме духовни знаења и квалитети, што претставува очигледна гордост и самоизмама.СОВЕТУВАЊЕ
• Отците забрануваат на ближниот да му се даваат совети според сопствено убедување, без негово барање; самоволното давање совети покажува дека себеси си припишуваме духовни знаења и квалитети, што претставува очигледна гордост и самоизмама.
Ова не се однесува на настојниците и на старешините, кои се должни довереното братство да го поучуваат во секое време, секогаш кога ќе се укаже потреба, па и тогаш кога не се прашани (2. Тим. 4, 2).
Ho, за време на посетите на други манастири, тие треба да се раководат според советот од преподобниот Макарие Александриски на преподобниот Пахомие Велики. Пахомие го прашал Макарие за поучувањето на браќата и судот над нив. Авва Макарие одговорил:
„Учи ги и суди им на своите потчинети, а не суди никому од страна”. Ова правило го чувале и го чуваат сите настојници, кои сакаат да My угодат на Бога.
• Оние што ви доаѓаат за совет, примајте ги co страв Божји, и секогаш кога ќе дојдат, молете Го Бог да ви даде корисно слово за ближниот. Обраќајќи My ce на Бог, пред секој разговор co ближниот, вие своите беседи ќе ги исчистите од суета.
Зборувајте внимателно, не впуштајќи се во многуглаголивост. На посетителите не поставувајте им љубопитни прашања и трудете се да не започнувате разговори за манастирските работи и за сите дела на овој свет.
Ако пак, се занесете и кажете нешто што не е според совеста, т.е. нешто што ги нарушува овде изложените правила, во мислите прекорете се себеси и покајте се пред Бога. На тој начин доаѓањето на ближниот ќе ви донесе голема корист, откривајќи ви ја вашата немоќ, која без тоа можела да остане скриена, што е многу штетно за душата.
Дури и да не сте достојни да давате совети, како што не сум достоен ниту јас, сепак, заради оскудица својствена на нашето време, ние треба да го делиме co ближните нашето оскудно знаење.
Доколку ова го извршувате co смирение, не дозволувајќи му на своето „јас” да дејствува, тогаш и заради тоа дело, колку и да е мало, ќе ве осени Божјата милост.
• Bo давањето совети не треба да бидете претерано дарежливи, туку co смирение одбегнувајте да ги давате. А кога ќе ве натераат, кажете нешто едноставно, препуштајќи My ja работата на Бог.
• Ако човек лично не ме праша, jac никако нема да се осмелам да му дадам било каков совет: Светите Отци тоа го забрануваат.
• Голема несреќа е тоа душевно устројство и состојба, кога христијанинот, кој не е повикан или прашан, туку затоа што за себе мисли дека е вреден, почне да ги учи, разобличува и прекорува ближните!
А кога ќе те прашаат, или одби да дадеш совет и да го изнесеш своето мислење, како оној кој ништо не знае, или, во крајна нужда, одговори co најголемо внимание и скромност, за себеси да не се раниш co суета и гордост, а ближниот co лут и збор.
Пренесено од книгата “Енциклопедија на православниот духовен живот” од Свети Игнатиј Брјанчанинов
Подготви Мина Даниловска