Светите маченици Певсип, Елевсип, Малевсип и нивната баба Леонила
Пострадаа за Христа во времето на царот Марко Аврелиј (161 г. – 180 г.) во Франција.
Тие беа тројца близнаци. Најпрво христијанка беше само Леонила, а нејзините внуци без незнабожци.
После долги советувања од страна на благочестивата Леонила и од месниот свештеник, овие тројца браќа се крстија. Откако се крстија почнаа да ревнуваат за својата вера со сиот младешки жар и во таа ревност појдоа и ги испокршија сите идоли по целата околина.
Обвинети и изведени на суд тие го признаа своето дело и јавно ја исповедаа својата вера во Христа. Судијата ги фрли во затвор, па ја повика нивната баба Леонила и ја упати и таа да оди во затворот за да ги посоветува нејзините внуци да се одречат од Христа и да им се поклонат на идолите.
Леонила молчешкум појде во затворот и наместо да ги советува внуците да се одречат од вистинската вера, таа почна да ги храбри да не се колебаат да истраат докрај во маките и да умрат за Христа.
Кога судијата повторно ги испита и ја виде нивната уште и засилена непоколебливост во верата, ги осуди на срмт.
Сите тројца беа најнапред обесени на едно дрво на кое висеа „како жици на гусле“, потоа ги биеја и најпосле ги изгореа.
Една жена, Јовила, восхитена од нивната храброст повика:
„И јас сум христијанка!“ Веднаш ја фатија и заедно со старицата Леонила ги убија со меч.