Свети Филип, митрополит Московски

Роден е на 11 февруари 1507 година.

Еднаш како млад стоејќи в црква слушна како свештеникот чита од Евангелието:

„Никој не може да им служи на двајца господари“, се уплаши од овие зборови како да му се обраќаат посебно нему, во тој миг се просветли и замина во Соловецкиот манастир, каде што после долготрајно и тешко искушеништво се замонаши.

Со време стана игумен, заблеска како сонце, и целата руска земја слушна за него.

Затоа царот Иван Грозни и го доведе на испразнетото место на митрополитот Московски во 1566 година.

Но овој свет човек не можеше рамнодушно да ги гледа стравотиите на грозниот цар, а го советуваше и неустрашливо го изобличуваше.

Царот најде лажни сведоци против Филип, го симна и нареди да го облечат во просто искинато монашко расо, па го затвори во Твер, во 1569 година на 23 декември.

Маљута Скуратов, еден царски довереник, дојде во келијата на Филип и го удави со перница.

Но наскоро сите што беа против него завршија со зла смрт.

А по неколку години телото на Светителот се најде цело и нетлено и благомирисно и го пренесоа во Соловецкиот манастир.

Претходна статијаСветите маченици Јулијан и Василиса! (Православен календар – денес)
Следна статијаШто е тоа што Господ го нарекува Царство Божјо, кое е во нас? (Св. Григориј Ниски)