ДУХОВНИ ПОГЛАВИЈА
1.
Возљубени мои браќа и сестри, отворете го вашето срце, за таму Светиот Дух да го вреже образот Христов. Тогаш, лека-полека ќе станете способни да ги восприемате во вас радоста и плачот, смртта и воскресението.
2.
Ha светот не му е познато ништо повозвишено од повикот да се биде христијанин. Но, колку што целта е повисока, толку е потешко нејзиното остварување.
3.
Погледнете ја велелепната глетка што Бог ни ја обзнани при создавањето на светот, обликувајќи го човекот според образ и подобие Свое. Она што ни е потребно не се содржи во нашиот мал ежедневен живот. Бараме да бидеме co Бога, за да го здобиеме во нас животот во целата негова космичка и божествена широчина.
4.
Bo нашето духовно созерцание, потребно е да го соединиме космичкото и божественото Битие, создаденото и несоздаденото.
5.
Bo почетокот беше Словото. Без Hero ништо не постои. Катадневно го вкусуваме болниот и беден живот во нашето тело. A сепак, создадени сме според образот на Христа, Апсолутниот.
Проблемот, тајната на нашиот живот, е во преминот од релативното во Апсолутниот.
Ако битието е создадено од Бога, не треба да умре. Бог го создаде животот, не ја создаде смртта. Нашата цел е животот во Христа Бога, во бесмртноста, во вечноста. Согласно Откровението, возможно е вечноста Божја да ни се подаде.
6.
Треба да се стремиме кон Самиот Бог, кон Неговата Личност, што значи, кон она што е над се’, за да му овозможиме на нашето тело, инаку склоно кон бездејствие, залет кон вечноста.
7.
Што да сториме за нашето спасение? Како да го обесмртиме нашето тело, да се ослободиме од државата на гревот и од власта на смртта? Тоа треба да биде наша грижа во секој миг, а истовремено, посилна, понагласена. Животот е толку краток, целта е толку висока, но, и толку многу оддалечена.
8.
Според Православната Црква, спасението на човекот е неговото обожување.
9.
Треба да научиме да го живееме вечниот живот на Самиот Бог. Што значи обожување на човекот? Да живееме како што живееше Господ, да ги здобиеме мислите и чувствата Христови, пред се’, од последните моменти на Неговиот овоземен живот.
10.
После падот, човекот стана поле на борба меѓу Бога и непријателот.
11.
Семето што го посеа Сатаната во срцето и умот Адамов – помислата да стане бог без Бога – е внедрено толку длабоко во нашето битие, така што непрестајно се наоѓаме под власта на гревот.
12.
Уште од нашето раѓање стануваме Адамови наследници. Можеме да ја живееме состојбата на падот, која е едно страшно оддалечување од љубовта co Отецот, како единствена стварност на човековото битие. Во светот живееме во атмосфера на обожување на падот. Живееме во раскош и често се срамиме да ја исповедаме нашата вера, да кажеме дека сме христијани.
Пренесено од книгата ”За духот и животот” од старец Софрониј