За Пресвета Богородица

Преку Неа се обнови остарениот од грев човечки род.

Преку Неа се отвори рајот, некогаш затворен поради прабабата Ева.

Преку Неа пламениот меч, откако се сврте, побегна и патот што водеше кон животворната храна се отвори.

Преку Неа беше уништено проклетството и процвета благословот. И откај што смртта се всели во нас, оттаму излезе бесмртниот живот.

Зашто Таа стана ново небо, откако Го смести во себе Создателот на небото и на земјата.

Преку Неа се обожи човечката природа, откако Христос се всели во нејзината пресвета утроба.

Откако нашиот Бог нѐ виде паднати во смрт и распадливост преку измамата на ѓаволот, не можеше да го гледа според Својот образ создадениот човек, остарен и паднат во толкаво зло, туку во Своето милосрдие се смилува на нас, ги преклони небесата и слезе како некогаш дождот на руното, се всели во утробата на Дева и откако со тело го покри Своето Божество, стана истовремено Бог и човек, двоен по природа.

Затоа, Онаа што Го роди е наречена Богородица.

Свети Климент Охридски

Претходна статијаТаа е врата на Животот! (Кого Марија Дева Го држи во прегратката? Знаете ли Кого?)
Следна статијаБОГОРОДИЦА! (Она нѐ научи што е (Кој Е) смислата на нашиот живот…)