ПРЕД ЛИЦЕТО ГОСПОДОВО– Старец Јеросхимонах Сампсон

Колку е само потребно стражарење над себе секој ден, колку искоренување на гордоста од своето битие, колку пазење на својата ревност и чиста совест, колку подготвување и донесување во ред за да би биле подготвени за вечноста!

Доволна е и најмалата гордост за да бидеме запрени.

Колку ревност е потребно да се има и колку не смее да се загуби чекорот!

Во спротивно, демоните ќе нè соборат. Да ги земеме за пример воените заробеници: кога ги гонат, поминуваат и по сто километри дневно, а кој заостане – е убиен, со белешка:

„Убиен поради обид за бегство“. Така исто и демоните постапуваат.

За да се сочуваш од гревот, сè треба да се прави пред лицето Божјо.

Ако некој нешто те праша, одговори му со љубов, многу кратко. Ако одиш по улица и сретнеш некој, веднаш запрашај се како тоа ќе изгледа пред Бога; секогаш зборувај задлабочувајќи се во себе, за да не ти се провре ласкање, лага, човекоугодување, за да искажуваш само чиста вистина.

 

Во тој случај навистина својот живот ќе го поминуваш пред лицето Божјо, и секогаш ќе бидеш радосен и весел, и тоа спокојство никогаш нема да те напушти.

Никогаш не го покажувај своето расположение. Човек исполнет со гордост и егоизам се грижи само за себе, не ги забележува луѓето кои го опкружуваат, во него нема љубов.

Таквиот никогаш нема да го подготвува своето спасение. Неговата состојба е саможива, паганска.

Треба да се присилуваме надворешно секогаш да го чуваме спокојството, за да не предизвикаме кај другите огорченост. Христијанското живеење и е бојажливост да не ожалостиме и повредиме друг човек.

А на нанесување на навреди на другиот, не ни смееме да помислиме. Тоа е прва и основна грижа на секој христијанин, мера на сечие христијанство.

Грижење за себе е покајанието од демините, од своето гордо „јас“.

Човек се прекорува себе заради што и зошто некогаш некаде тргнал, затоа што да не го направел тоа, не би наишол на искушение.

Никого не треба да обвинуваме – ниту демоните, ниту човекот, и да не се прекоруваме себе си.

Дадено ни е единственото право – колку што силата ни допушта – да се противиме на гревот, да се чуваме од гревот, да паѓаме пред искушение – сето тоа со помош Божја, имајќи го молитвеното устројство како штит и негувајќи го смирението.

Секој ден потсетувајте се дека среќата е во пријателувањето, во секогашната доверба едни спрема други, во тоа да се насладуваме едни со други и (по правило) да правиме отстапки едни на други; нека никој од вас не се поставува командувачки.

Сласта на кростоста нека биде со вас. Ако некој од замор или духовно растројство е склон кон гнев, раздразливост, немир, само кротоста може да го смири во неговата растроеност.

Сеќавајте се на Божјото присуство на секое место.

Затоа неизоставно, задолжително молете се од наутро, во текот на денот и во очи на одењето на починка.

Мрзливоста го жалости и навредува Бога. Неизоставно држете го постот во среда и петок, за да не го навредите Оној Кој е секаде присутен.

 

ИЗВОРмаран ата
Претходна статијаНе ги слушав со принудна послушност, туку со радост и љубов!
Следна статијаМОЛИТВА (Но, Господи, сакал јас или не, спаси ме..!)