Во светот постојат многумина бедни по дух,

но не како што треба.

Има и многумина што плачат,

но, заради тоа што го загубиле имотот или што ги загубиле своите деца;

има и многумина кротки,

но не спрема нечистите страсти .

 

Има и гладни и жедни,

но тие се гладни и жедни да го ограбуваат туѓото и да ги собираат материјалните блага;

има и многу милостиви,

но кон телото и телесното;

има и чисти по срце, но според суетноста;

и миротворци има, но тие му ја потчинуваат душата на телото;

има и многу гонети и прогонувани, но заради своите лоши дела;

многумина се прогонувани , но заради своите срамни гревови.

 

А блажени се оние, кои и дејствуваат и страдаат за Христа и во Христа.

Зошто?

– „ Зашто нивно е Царството небесно“ (Матеј 5, 3 и 10) и така натаму.

Тие не се блажени затоа што така дејствуваат и што страдаат, туку затоа што дејствуваат заради Христа и во Христа.

Свети Максим Исповедник

Претходна статијаГосподи, колку е убаво да се пости!
Следна статијаДА СЕ ПРИЧЕСТАМ?! Или не!