Икос 7

Очите мои се лукави и со секоја нечистотија извалкани, обманата на светот секогаш ме мами, па затоа и Те молам, Себлаги, одврати ми ги очите  мои, за да не гледам ништавило и со молба да Ти воскликнувам:

Смилувај ми се мене, која што со жар жеднеам, верно да Ти послужам;

Смилувај ми се мене, која сакам во духот на вистината да Ти се поклонам;

Смилувај ми се мене, која солзите на покајание , како жртва за гревовите свои Ти ги принесувам;

;

Смилувај ми се мене, која очекувам избавување, од страстите мои;

Смилувај ми се мене, која многу плачам, заради тешките  смртни согрешенија мои;

Смилувај ми се мене, убиецот, која сум виновна и пред Божјиот и пред човечкиот суд;

Господе мој, Господе, радост моја, смилувај ми се мене паднатата.

Кондак 8

Смилувај ми се, Господе, Спасителу мој, Кој си дошол во светот грешниците да Ги спасиш, од кои јас сум најгнасната од сите, но, сепак, Те молам, Семилостиви Боже мој, усмери ја на мене  милоста Твоја, услишај ги воздишките на срцето мое, прими ја обилноста на солзите мои, топлите молитви на душата, Спасителу мој, да Ти запеам:

Алилуја!

Икос 8

Разбојнички зли помисли ја нападнаа совеста моја успиена, ава мене, одеждата светла која што на крштението ми е дарувана, заради гнасните гревови мои ја изгубив и затоа што детеубиство извршив, немам добродетели за во нив да де облечам, но, сепак се обидувам да го усмерам наугоре погледот којшто на земја паѓа, заради мноштвото на лутите гревови кои што ги сторив пред Тебе,  Господе, и Ти воскликнувам:

Смилувај ми се мене, која смртен грев направив;

Смилувај ми се мене, и сега во гревови заглибената;

Смилувај ми се мене, преполна со со секакви гадости;

Смилувај ми се мене, што со противприродни пороци сум извалкана;

Смилувај ми се мене, која чистотата на девственоста своја не ја сочував;

Смилувај ми се мене, која од благочесното мајчинство се лишив;

Смилувај ми се мене,  која од утробата, децата свои пред време ги исфрлив;

Господе мој, Господе, радост моја, смилувај ми се мене, паднатата.

….

Кондак 9

Дај ми река на солзи, Боже мој, да плачам за гревовите мои и така радувајќи се да ти воскликнам: Алилуја!

Икос 9

Телото го осквернавив со тајни одвратни, душата ја помрачив со неделата свои, немоќно е телото, немоќна е и душата моја.

Пред Тебе, Единствен, Кој зло не памтиш, Милосрден Судијо и Бог мој, ничкум паѓам, молејќи се:

Смилувај ми се мене, убиецот, којшто заради сеќавањето на судбината на убиените деца мои ме обзема трепет и ужас и неискажливо чудење: како Милосрден Господе и Судијо најправеден ме истрпуваш и добро мене ми чиниш, жителка на пеколот, дури и до овој ден и час, на секој начин очекувајќи го покајанието мое;

Смилувај ми се мене, којашто многупати сум ветувала дека ќе се поправам и повторно сум се враќала на гревовите како кучето на својата повраќаница;

Смилувај ми се мене, којашто голем број убиства извршив;

Смилувај ми се мене, која без страв Божји и мајчинска љубов со свирепост на дива ѕвер, децата свои ги рстргнав;

Смилувај ми се мене, зашто волно гревовите ги сторив;

Смилувај ми се мене, која духот свој со одвратни помисли го осквернавив;

Смилувај ми се мене, зашто и  сега животот  свој во гревови го поминувам;

Господе мој, Господе, радост моја, смилувај ми се мене паднатата….

(извадок)

Превод: Мина Даниловска

Претходна статијаСекој крст иде од Господ Бог (Страдањето може да го сметаме за духовно лекарство против гревовната штета!)
Следна статијаА ТАА ТРПЕЗАТА е  Олтарот на домот! (молитви пред секој оброк)