За жал, трпезата послeдниве децении стана најосаменото место во домот.

Секој од членовите на семејството во различно време и небрежно седнува на неа.

А ТАА ТРПЕЗАТА е  Олтарот на домот  на МАЛАТА ДОМАШНА ЦРКВА .

.Јадењето и пиењето на неа треба да го примаме со силна благодарност, како да претставува – света ефхаристија во мало.

Само семејство што со пиетет и со претходна молитва се собира како во црква покрај трпезата, може да се нарече среќен и благословен дом.

Пред да започне заедничката трпеза (ручекот) сите простум благодарат со следнава молитва:

+++

МОЛИТВА ПРЕД РУЧЕК

Господи Исусе Христе, Боже наш ,благослови ни го јадењето и пиењето нам, на Твоите чеда и умножи го во  овој дом по молитвите на Твојата Пречиста Мајка и на сите Твои светии.

Амин.

МОЛИТВА ПОСЛЕ РУЧЕКОТ:

Ти благодариме, Христе, Боже наш,што нè насити со Твоите земни блага.

Не лишувај нè од Твоето небеско царство, но како што си дошол меѓу Твоите ученици, давајќи им го Твојот мир, така дојди и кај нас и спаси нè

+++

МОЛИТВА ПРЕД ВЕЧЕРА

Ќе јадат сиромасите и ќе се наситат,и ќе го прослават Господа оние штого бараат, нивните срца ќе живеат вовечни векови.

Амин.

МОЛИТВА ПО ВЕЧЕРАТА

Господи, Ти нè развесели со Твоите созданија; се радуваме на делата од Твоите раце.

Господи, се покажа светлината на Твоето лице и на нас; Ти го развесели моето срце повеќе отколку што ќе се развеселеше од пченица, вино и елеј.

Во мир ќе заспијам и ќе се успокојам, зашто Тиси со мене, Господи, моја единствена надеж.

Претходна статијаСмилувај ми се мене, заради децата кои што ги убив! (Покајание за чедoморство – доброволен абортус)
Следна статијаГаврил Светогорец – за чудата на пресвета Богородица