„Во Поуките од пустинските Отци се цитира многу едноставниот и сфатлив поглед на ава Мина:

„Послушание за послушание: кога некој Му е послушен на Бог и Тој му е послушен нему“.

Ава Исаија тоа поисцрпно го објаснува:

„Невозможно е Бог да не го слушне човекот, ако тој не Му е непослушен.

Тој не е далеку од човекот, но нашата волја е таа која не Му дозволува да ја чуе нашата молитва.“

 

Ако се молите и ако вашата молитва не е чуена, размислете, случајно да не сте биле непослушни.

Ако се молите во текот на ноќта, а не сте внимавале на својот начин на живот во текот на денот, тоа е како истовремено да градите и уривате.

Доколку сте невнимателни во ситниците, сигурно ќе подлегнете и паднете и во големите работи.

Внимавајте на себе!“

Претходна статијаДа биде со Христос или да биде против Него!
Следна статија“Сине мој, вели, дај ми го срцето свое.” (Свети Никодим Агиорит)