Секој човек во овој свет мора да реши еден проблем:

Да биде со Христос или да биде против Него.

И секој човек ја донесува оваа одлука, без разлика дали сака или не.

Или ќе Го возљуби Христос или ќе се бори против Него.

Не постои трета опција.

свети Јустин Ќелиски

+++

Неопходно е да се бара само една работа: да се биде со Христос. Човекот што останува со Христос е богат, па дури и материјално да е сиромашен.

Кој повеќе го посакува земното од небесното, го губи и земното и небесното. Но, оној што го бара небесното е Господ на целиот свет.

свети Игнатиј Брјанчанинов

+++

Душата што го познала Бог повеќе ништо не посакува во целост, ниту се приврзува кон нешто земно; дури и кога пред неа би ставиле царство, таа нема да го посака, зашто љубовта Божја ѝ дава таква сладост и радост на душата што дури ни животот на еден цар не би можел да ѝ понуди каква било наслада.

свети Силуан Атонски

+++

Душата што Го љуби Бог почива во Бог и само во Бог.

Луѓето не стекнуваат мир на ниту еден пат што го изодуваат во светот сѐ додека не се доближат до надеж во Бог.

свети Исак Сирин