Дома Празници Преподобна Параскева ( за нејзиниот живот и за историјата на нејзините ...

Преподобна Параскева ( за нејзиниот живот и за историјата на нејзините чудесни мошти)

0
811

ЖИТИЕ НА ПРЕПОДОБНАТА МАЈКА НАША ПАРАСКЕВА – ПЕТКА

(27/14 октомври)

Се вели дека споменот за света Петка е посветол и од сонцето. Голема и долга би била историјата за преподобната, а нашиот ум не е способен да го направи тоа како што прилега.

А кој може да ги искаже нејзините дела и чудеса, нејзините добрини и застапништва што и денес таа ги прави меѓу нас христијаните?

Оваа славна и рамноангелна светителка е родена во Епиват од богати и набожни родители, кои во се’ живееле според заповедите Божји, украсувајќи го својот живот со милостини и добри дела.

Освен ќерката Параскева, тие имале и еден син, по име Ефтимиј. Своите децата ги воспитувале во набожност и ги учеле на добродетелност и на богоугоден живот.

Еден ден, Параскева, како десетгодишно девојче, кога co својата мајка била во црква, ги слушнала зборовите од Светото евангелие:

„Кој сака да оди по Мене, нека се одрече од себе, нека го земе крстот свој и нека врви по Мене” (Марко 8, 34). Овие зборови длабоко се врежале во нејзиното срце. По излегувањето од црквата, таа сретнала еден питач и скришно од мајка си, ја симнала од себе својата скапоцена облека и му ja дала на питачот, а врз себе ги облекла неговите партали.

Кога дошла дома и кога ја виделе родителите во партали, ја укориле и строго и’ забраниле повеќе да не го прави тоа. Ho, таа и понатаму продолжила да прави така.

Кога тие ja прекорувале поради тоа, таа им одговарала дека не може да живее поинаку.

Исто така, и нејзиниот брат Ефтимиј имал желба за посовршен духовен живот и, co согласност на родителите, тој се замонашил. Како монах, тој се прочул co својот подвижнички живот и бил избран за епископ Мадитски.

Како епископ се прославил co своите добродетели и co борбата против еретиците. Се упокоил во длабока старост и бил погребан во тамошниот соборен храм. Неговите чесни мошти станале извор на свето миро. Тој направил многу чудеса, како за време на земниот живот, така и по неговата смрт.

По смртта на родителите, Параскева ревносно го засакала апостолскиот живот. Таа се предала на строги подвизи и, следејќи го примерот на светителите, co пост, молитва и бдеење ги умртвувала страстите на своето тело и го потчинувала на духот.

Но, горејќи од желба да живее само за Господа, таа не можела долго да остане во овој вознемирувачки свет. Набрзо, Параскева го напуштила родителскиот дом и отишла во Цариград за да се поклони на тамошните свети места.

Обиколувајќи ги сите светилишта, сретнала многу ревносни подвижници и од нив добила многу драгоцени совети. Според нивниот совет, таа се населила во предградието на Ираклија, при храмот „Покров на Пресвета Богородица” и таму останала пет години во пост, молитва и солзи.

Исполнувајќи ја својата дамнешна желба, таа потоа отпатувала во Палестина и, откако се поклонила на светите места, осветени co животот на Спасителот, се населила во Јорданската Пустина.

Во неживотната пустина таа водела рамноангелски живот. По примерот на пророкот Илија и на свети Јован Крстителот, се хранела само co пустинска трева, во мали количини и тоа само пo заоѓањето нa сонцето.

Постојано, топејќи се од жега и од мраз, ги издигала очите само кон Едниот Бог, Кој смирените пo срце може да ги спаси од малодушност и од тешкотии.

Ho, кој би можел да ги искаже сите напори, страдања, маки и демонски искушенија што света Петка ги претрпела во текот на многуте години подвижништво?

Кој може да знае колку солзи таа пролеала и колку воздишки кон Бога испратила?

Кој би можел да ги опише нејзините секојдневни борби што ги водела co телото, co помислите и co демоните додека потполно не победила?

Единствено Бог, Кој е насекаде и Кој се’ гледа, само Он можел да ги види и да ги знае сите нејзини подвизи. Таму таа не се грижела за суетните работи од овој свет, како што се: коњи co златни узди, раскошни облеки, скапоцен накит, големи куќи и слуги, туку се грижела само за очистување на својата душа, за одговорот на идниот Суд и за средбата co небесниот Младоженец.

Нејзината основна грижа била: како да го украси својот светилник и co мудрите девојки да My излезе во пресрет на небесниот Младоженец, да го чуе Неговиот милозвучен глас и да се наслади co гледање на Неговата убавина.

Додека преподобна Параскева во пустината водела таков живот, лукавиот непријател – ѓаволот и’ завидувал на нејзините добродетели и се обидувал да ја заплаши co разни мечтаења и привиденија.

Честопати, земајќи облик на разни ѕверови, тој ја напаѓал светата подвижничка за да ja спречи на патот кон подвигот. Но таа, и покрај својата женска природа, се здобила co машки разум и го победила ѓаволот, како што Давид го победил Голијата.

Откако душата своја ја украсила co такви подвизи и добродетели, света Петка станала возљубена невеста Христова. Небесниот Цар се вселил во неа, заедно co Отецот и co Светиот Дух и престојувал во неа како во света Црква.

Така, света Петка поминала долги години во пустината и душата своја ја запазила од грев и осквернување.

Една ноќ, додека таа, според својот обичај, стоела на молитва и co умиление ги подигала своите раце кон небото, здогледала ангел Божји во облик на пресветло момче, кое дошло при неа и и’ рекло:

„Остави ја пустината и оди во твојот роден крај; ти треба твоето тело таму да и’ го предадеш на земјата, a душата – на Бога”.

Кога преподобната се задлабочила во смислата на тоа видение, и кога разбрала дека е од Бога, таа се исполнила co радост што наскоро ќе се ослободи од телото, но во исто време и тагувала што ќе се раздели од пустината и осаменоста.

Но, покорувајќи се на небесната волја, преподобната Параскева заминала во својот роден крај. Кога допатувала во Цариград, таа се упатила во прекрасниот храм на Божјата Премудрост (се мисли на храмот „Света Софија”). Таму често правела коленопреклоненија, пролеала реки од солзи, а често од срцето испуштала и  воздишки, а кога ќе си спомнела за пустинскиот живот, ја обземала голема тага.

Потоа, како вредната пчела што ги облетува пролетните цутови, така и таа ги посетила тамошните свети места и дошла во храмот посветен на Пресветата Мајка Христова, кој и денес се именува Влахерна.

Откако се поклонила на иконата на Мајката Божја, облеана во солзи, се помолила, велејќи:

„Тебе, Владичице, ти го предадов целиот свој живот и на тебе. ja полагам сета своja надеж; не отфрлај ме мене, бедната, немој да се гнасиш од својата слугинка, која од младоста Го следи твојот Единороден Син.

Дево, ти ја знаеш немоќта на женската природа, го знаеш страдањето на Mojaта душа; немам друга надеж, немам друга заштита; ти си ми учителка; ти си ми застапничка, ти си пазителка на целиот мој живот.

Додека одев во пустината, ти ми беше помошник; а и сега, кога се вратив во светот, немам потреба од никаква помош, освен од тебе?! Затоа сега, Владичице, заштити ме и биди ми сопатничка, учителка и патеводителка до крајот на мојот живот, зашто друга надеж, освен тебе, немам”.

Откако Параскева вака се помолила од сета Душа, и сета своја надеж ја положила на Мајката Божја, се упатила кон својот роден крај. Кога пристигнала во Епиват, таму поживеала уште некое време во труд и страдања, украсувајќи се co постојан пост и молитва.

А кога дошло времето да оди при Бога, co солзи го облевала своето земно лице и постојано се молела: „Човекољупче, Владико, не ја презирај Својата бедна слугинка, која заради Твоето пресвето име остави се’ и одеше по Тебе; и сега, семилостив Господи, заповедај му на Твојот ангел на мирот да ја прими мојата бедна душа и да не и’ биде забранет патот кон небесата од нечистите и лукави бесови, но удостој ме слободно да застанам пред Твојот страшен престол, зашто си благословен во вечни векови. Амин”.

И така, во молитва, својата блажена душа Му ја предала на Бога, а нејзиното тело верниците го погребале според христијанскиот обичај, но не на заедничките гробишта, туку одвоено, како тело на туѓинка, Koja никому не беше кажала Koja е и од каде е.

Ете, такви биле подвизите на преподобната Петка, такви биле борбите на духовната мајка која, иако малку време се подвизувала на земјата, но многу страдала и примила голема слава на небесата.

Ho, Бог не дозволил таа да остане непозната, ниту да пропадне нејзиното непорочно тело, туку и за тоа направи големо чудо. Сакајќи да ја прослави Својата угодничка, ги открил нејзините свети мошти по многу години, и тоа на следниов начин:

Недалеку од местото каде што била погребана света Петка, на еден столб, се подвизувал некој столпник. Еден ден, брановите исфрлиле безживотно тело на морнар, којшто за време на пловидбата тешко се разболел и умрел.

Од неговото тело почнала да се шири неподнослива миризба, така што не било можно ниту да се помине по тој пат. Таа миризба не можел да ja поднесува ни столпникот, па затоа бил принуден да слезе од столбот и да побара од некои луѓе да ископаат длабока јама и да го закопаат телото.

Копајќи, лугето, по Божја промисла, го нашле нераспадливото тело на светителката и многу се зачудиле. Но, како прости и неуки, тие воопшто не обрнале внимание на тоа.

„Ако ова тело е свето, Бог тоа би го открил преку некакви чудеса”, си мислеле тие. Но, иако така размислувале, тие повторно co земја го затрупале непропадливото тело на преподобната, фрлајќи го на исто место и полураспаднатиот леш на морнарот, па си отишле по своите домови.

Кога се стемнило, еден од нив по име Георгиј, човек христољубив, се молел на Бога во својот дом, и кога пред зори заспал, на сон видел една   царица како седи на пресветол престол, а околу неа стојат мноштво пресветли војници.

Кога го видел тоа, Георгиј го обзел голем страв и тој паднал на земјата, бидејќи не можел да го гледа сјајот и убавината. A еден од светлите војници го прифатил Георгиј за рака, го подигнал и му рекол:

„Георгиј, зошто така го омаловаживте телото на преподобната Параскева и крај него погребавте распаднато тело? Веднаш извадете го телото на преподобната и положете го на достојно место, зашто Бог сака Својата слугинка да ја прослави на земјата”.

Тогаш и светлата царица му се обратила на Георгиј:

„Побрзај и извади ги моите мошти и положи ги на чисто место, оти не можам повеќе да ја трпам смрдеата на онаа мрша. Зашто и јас сум човек и мојата татковина е Епиват, каде што и вие сега живеете”.

Истата ноќ, исто такво видение имала и една благочестива жена, по име Ефтимија. Утредента Георгиј и Ефтимија на сите им раскажале за своите виденија.

Кога тоа го слушнал благочестивиот народ, сите co свеќи, кадилници и мириси побрзале кон моштите на преподобната Параскева и, co голема стравопочит ги извадиле од земјата, им се израдувале како на некое скапоцено богатство и ги положиле во храмот посветен на светите апостоли Петар и Павле, во Епиват.

По молитвите на преподобна Параскева, од нејзините свети мошти многу луѓе добивале исцеление: слепи прогледувале, хроми проодувале, луѓе болни од различни болести, оздравувале.

Ho, пo два века, почнала да слабее силата на Византија и пo Божјо допуштање, Латините (крстоносците) го окупирале Цариград заедно co сите негови драгоцености.

Многу свети садови, свети мошти и други скапоцени реликвии, ги носеле во Рим. Во 1238 година, благочестивиот бугарски цар Јован Асен решил светите мошти на преподобната Параскева да ги ослободи од тиранската власт на крстоносците.

Кога царот Асен им ја пренел на крстоносците својата намера – моштите на света Петка да ги пренесе во својата престолнина Трново, тие веднаш се согласиле. Bo Трново, светите мошти на преподобната биле свечено дочекани од бугарскиот цар Јован Асен, неговата мајка Елена, царицата Ана и великотрновскиот патријарх Јоаким.

Потоа, биле положени во придворната црква, каде што почивале нетрулежно и на сите што co вера кон нив пристапувале, им давале разновидни исцеленија.

Кога турскиот султан Бајазит I го освоил Трново, чесните мошти на света Петка биле пренесени во Влахија (југозападен дел на денешна Романија). А кога Турците ја освоиле и Влахија, по барање на српската царица Милица, овие свети мошти биле пренесени во Белград. Потоа, во Белград била изградена црква посветена на света Петка, која и денес постои и во којa ce наоѓа изворот на света Петка.

Кога во 1521 година султанот Сулејман II го окупирал Белград, мегу останатото, ги запленил и моштите на света Петка, ги пренел во Цариград и ги поставил во својата палата.

И таму, на ова иноверно место, се случувале многубројни чуда од богосилните свети мошти, па затоа преподобната Параскева ja славеле и почитувале не само христијаните, туку и муслиманите. Но, тоа ги вознемирило муслиманите и тие, плашејќи се верата во чудотворната сила на светите мошти од света Петка да не се прошири уште повеќе помеѓу муслиманите, а и поради молбите и заземањето на христијаните, овие свети мошти им ги предал на цариградските христијани и тие чесно ги положиле во патријаршиската црква.

Bo 1641 година, молдавскиот војвода Василиј Лупул посакал моштите на света Петка да бидат пренесени во неговата православна земја. Оваа негова желба ја поткрепил и Господ, Кој е прославен во светиите Свои и, сакајќи и во Молдавија да ја прослави Својата светителката, во срцето на цариградскиот патријарх Партениј ставил мисла да му ja исполни желбата на молдавскиот војвода.

Тогаш патријархот, во согласност co целиот свештен собор, чесните мошти на света Петка му ги испратил на војводата Василиј во неговиот престолен град Јаши. Таму, co големо славење и радост на жителите од цела Молдавија, чесните мошти биле положени во храмот посветен на светите три иерарси, на 14 октомври (односно 27 октомври, по нов стил) во 1641 година.

Co бројни чудеса, и до денешен ден, овие свети мошти непрестајно Го прославуваат Господа,” прославуван во светиите Свои.

“Храм Света Петка” Црниче – Скопје

Подготви Мина Даниловска