ДА ГО ПОЧИТУВАМЕ МИРОТ НА СВОИТЕ БЛИЖНИ
Ако ние не сме предизвикале метеж, ништо страшно; Бог го гледа тоа. Но зло е ако сме предизвикале. Да се потрудиме никогаш да не им пречиме на своите ближни.
Ако ти не сакаш да се молиш, барем не пренесувај им ги на други своите духовни паразити.
Кога само би знаеле колку го вознемирувате co бучавата оној што ce моли, би биле повнимателни. Ако тишината He ja чувствуваме како потреба на својата душа, како нешто што ни помага во се’, како нешто што се чува со срцето, од љубов, a не по принуда, тоа нема да даде добри плодови.
Ако човекот вештачки се труди и се грижи за тишината, како по некои дисциплински правила, па размислува:
„Сега треба да одам вака за да не им пречам на другите, не смеам да се движам слободно…”, тоа е вистинско мачење!
Целта е сето тоа да се прави од срце, co радост, затоа што знаеме дека некој се моли, дека разговара co Бога. Колку се разликуваат првиот и вториот случај! Се’ што се прави co ревност /со љубов/, го радува човекот и му помага.
Кога потребата /за тишина/ на својот ближен, кој се моли ја чувствуваш како потреба на својата душа, ќе те посети едно возвишено чувство на побожност. Затоа што кога човекот го почитува својот ближен, тој се почитува и самиот себеси.
Тој тогаш повеќе не гледа на себеси затоа што се ослободил од егоизмот, a ce исполнил co ревност /кон Бога и кон ближните/. Да се ставиме себеси на местото на својот ближен.
Да помислиме: „Кога би бил на негово место, како би сакал да се однесуваат кон мене? Да сум уморен, да се молам, дали би ми годело така да „тропаат” co вратите?” Ако размислуваме на тој начин, ќе видиме дека работите се сосема поинакви.
Колку било убаво некогаш во манастирите! Насекаде тишина! Постоел часовник што ѕвонел на секои петнаесет минути за да ги потсетува монасите на молитвата. И ако некој се занесел, ќе го слушнел часовникот како ѕвони, па продолжувал да се моли. Тоа многу помагало.
Отците се молеле, во манастирот било тивко и многу мирно. Во манастирот во кој живеев на Света Гора, братството броеше шеесет монаси, а беше толку тивко како да живееше само еден испосник.
Сите се молеа co умната молитва. Во црквата само неколкумина пееја, додека повеќето се молеа тивко. На послушанијата – исто. Насекаде тишина! Никој не зборуваше гласно, ниту некој викаше.
Сите се движеа нечујно, како овци. Во манастирот секогаш постоеше тоа нечујно движење. He беше како сега во манастирите – време за послушание и време за тишина… за молчење! Секој го распоредуваше времето согласно своето послушание.
Да ја засакаме благословената пустина и да се однесуваме кон неа co почитување, ако сакаме да ни помогнат нејзината света пустош и слаткиот мир, за да се успокоиме, за да се ослободиме од страстите и да му се приближиме на Бога.
Да внимаваме светата пустина да не ја прилагодиме на своето острастено „јас”. Тоа е големо непочитување; како да одиш на поклонение во светата Голгота co бузуки.
Пренесено од книгата “Со болка и љубов кон современиот човек” од старец Пајсиј Светогорец” (Четврта глава: Надворешната бучава и внатрешниот мир”)
Подготви Мина Даниловска