ЛУЃЕТО СЕ РОБОВИ ШТО СТРАДААТ

Зошто монаштвото е бунт?

Затоа што тоа ги предизвикува основите на ропството и страдањето, а не на нивните атрибути.

Луѓето – се робови што страдаат. Тие се бунтуваат против ропството, а од страдањето – бегаат.

Но ропството умеело да ја промени формата, не менувајќи ја суштината. Страдањето го фаќа човекот без труд.

Основите пак на ропството и страдањето се  – самољубие, славољубие, сластољубие.

Плодови на паднатата природа, намножени ларви на гревопаднатоста.

Најнапред ларви, а потоа и китови запливаа по сесветската тага на Земниот град на спротивната страна од Небесниот Ерусалим.

Кој не ги препознал овие непријатели (самољубие, славољубие, сластољубие) и посакува да се избори за среќа, тој е слепец раскинат од внатрешните противречности.

Осврнете се кон познатите светски револуции. Секаде во нив ќе забележите грст подлеци и мала армија од измамени глупаци.

Првите, на плеќите од вторите секогаш ќе се пентарат на планината за да го обезбедат за себе сопствениот трон и на прелажаното стадо да му наплатат со најтешка тиранија без преседан.

Ќе забележите игра на ниски инстикти:

завист, жед за крвопролевање, пијанство од седопустливост.

Ќе видите волци во овча кожа и смокинзи на површината од таа кожа.

Ќе видите цели стада овчички коишто копнеат, исто така, да станат волци.

Монахот го гледа сето тоа, и затоа тој не е таму.

Тој не може никого да разубеди, но затоа може да одмавне со рака и да се оддалечи.

Знаете ли дека оваа единка што се оддалечува му нанесува на мрачниот непријател неиздржлива навреда иако во рацете на овој непријател се наоѓаат милиони демони? …“

Преземено од „Азбука на православната вера“

Претходна статијаДедо Наум: Како да се исконтролираат мислите и чувствата
Следна статијаАпостол Павле не` повикува: ОБЛЕЧЕТЕ СЕ ВО ЉУБОВ!