Христословна молитва

Боже на небото и земјата, од Кого се’ ужаснува и од Кого трепери се’ видливо и невидливо, погледни на молитвата на некорисниот Твој слуга кој живее во многу беззаконија.

Бидејќи Ти Си, Господи, Оној Кој слезе од крилјата на Отецог; од Кого не Си се одвоил, непоимливо и за небесните Сили, слезе во непорочната утроба на прославената Твоја Мајка Марија Богородица.

О, ново чудо и богодоличие. Зашто, преку нејзината девствена затворена врата јасно влезе Господ. Бестелесен на влегувањето, плотоносен на излегувањето се покажа Бог, а вратите остануваат затворени, какви што беа и пред раѓањето.

Бидејки влезе како совршен Бог и излезе како совршен Човек во две природи и две суштества, во една ипостас, a co две волји.

Еден Си Господи Исусе Христе, Слово и блесок Си на Отецот, примајќи образ на слуга, подобен Си на Твојот Отец по се’, освен по нераѓањето, a подобен на нас стана во се’, освен во гревот.

Така co луѓето си живеел, извршувајќи страшни чудеса како доказ и потврда на непорочното Твое божество.

Затоа, не дозволувај да загинам, Господи мој Исусе Христе, поради мноштвото мои беззаконија, туку јави ми се, Владико, во овој момент, во милост и сострадание, осенувајќи ме co Твојот Свет Дух. Дојди, милосрден и благ, на повикот од мојата бедна душа и направи да замирисам co Твојата слава и Твојата убавина.

Молитва за скрушеност и покајание

Помилуј ме, Боже, мене паднатиот и не одвраќај се од смирениот и посрамениот,  сакатиот, бедниот и скрушениот, туку покажи ми сострадание.

Ти Кој си богат co милоста и благ во жалоста. Ти ја знаеш, добар и човекољубив, човечката слабост, како и ништожноста и страдањето.

Исцели ме, Господи, и ќе се исцелам и co Твојата благодат духовно ќе се обновам и благорасуден ќе станам, за да можам да ги избегнам тајните свои гревови, и од туѓинец поштеди го слугата Твој.

 

Претходна статијаШто означува – молитвенот правило? (Моќно слово – Св. Игнатиј Брјанчанинов)
Следна статијаРОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА! (Пресвета Богородице, спаси не`!)