Тропар, глас 4:
Да прибегнеме кон Богородица ние кои сме во мака
и да припаднеме пред Нејзината света икона, повикувајќи со вера од длабочината на душата:
„Побргу услиши го нашето моление, Дево,
оти Брзопослушничка си наречена.
Ние, Твоите слуги, за брза помошничка
Те имаме во неволјите“.
Кондак, глас 8:
Во разбрануваното житејско море,
паѓаме под силните бранови на страстите и искушенијата.
Затоа, подај ни рака во нашата немоќ, Владичице,
исто како на Петар – Синот Твој,
и поитај од неволјите да нѐ избавиш
за да Ти повикуваме:
„Радувај се, себлага Брзопослушничке!