ПРЕПОДОБЕН ЈУСТИН КЕЛИЈСКИ…

„Тој, човекот, не може да биде вистински човек – без Христа Господа.

Човекот не е човек, доколку во него царува гревот и смртта. Тоа е наказа од човек.

Оти, човекот е створен за бесмртен живот вечен.

И единствено со Христа Господа, со верата во Него, со извршувањето на Неговите заповеди, ние од себе го изгонуваме сето она што е смртно, сето она гревовно, сето она ѓаволско и демонско, сето она што е пекол…

И стануваме вистински луѓе кога ќе ја победиме смртта, кога гревот го победиме – е, дури тогаш сме вистински луѓе.

Тогаш човекот е вистински човек, совршен и довршен човек, тогаш човекот е потполн човек; а дотогаш е подчовек, небаре-човек, дотогаш е делумно човек, дотогаш е парче-човек, дотогаш не е човек.

Само верата во Воскреснатиот Господ, и евангелскиот живот, само тоа човека го прави човек, вистински човек.

Тоа вистински му служи на човека!

 

Претходна статијаЕПИСКОП НА СРЦЕТО… Свети Јован Лествичник
Следна статијаДуховниот отец е икона на Христос!