ДАВАЈТЕ И ЌЕ ВИ СЕ ДАДЕ…
„Јас лично не поседувам свои пари. Тие ми се даваат. Честопати не знам од каде доаѓаат.
Поради тоа, и не гледајќи ги давам таму каде што можат да бидат од полза.
Ако и секојдневно те молат за милостина, биди подготвен да ја даваш.
Не ја даваш твојата своина, туку Божјата. Твоја е само добрата волја.
Ти си само извршител Божји, слуга на малите Христови браќа. Затоа, радосно и смирено врши го своето дело. Таквото извршување богато и прекумерно ќе ти биде наградено.
Така, и ти биди дарежлив кон другите и немој да им даваш според заслугата, туку според нивната потреба.
Сето добро што им го правиш на другите ќе ти биде вратено порано или подоцна, како што и сето зло што си го нанел некому се враќа во твојата внатрешност.
Имај на ум дека Бог е праведен во најголема мера, до последниот збор.
свети Јован Кронштадски