Дома Останато Прашања до свештеникот Ме напагаат зли мисли, добивам мисли против Бога… (На ваши прашања, одговор...

Ме напагаат зли мисли, добивам мисли против Бога… (На ваши прашања, одговор од свештеникот)

0
1406

Што би рекле, не знам…

Веке две недели имам проблем и се зголемува, ме напагаат зли мисли, добивам мисли против Бога.
Се молам но не можам на раат да се помолам, оти во позадина добивам мисли дека тој нема да помогне, а не сакам така да мислам!

Почнав да мислам дека имам згрешено, па не ми помага, а барем мислам дека немам грев направено, добивам мисли за да правам грев!

Што ако нешто направам си помислувам… веке имам страв, во постојан страв сум.

Користам крстена вода и светено масло но кога ќе ме испрска водата, или пареа чувствувам со немир, како да се изгубило дејството, станувам нервозна, плачам… се караме дома, духот ми е слаб.

Не знам што да направам веќе.  Бев и на молитва но не ми помогна.

Ве молам, кажете, помогнете, што да направам?

Одговор на отец Горан:

Појдете на ИСПОВЕД, отфрлајте ги помислите, тие не се од вас.

Молитвата не ја користете за борба гради в гради со лошите мисли, туку како за единство со Бога, Кој е поголем и  од најголемиот проблем низ кој минуваме, и ќе не ослободи.

Нема ништо инстант освен да се смириме и претрпиме, а Господ ќе проделува кога ќе му се предадеме Него со доверба, а не, на себе и проблемот.

Секое добро во Бога.

Непрестајно повикувајте: Пресвета Богородице, спаси нѐ!