Свети Исак Сирин вели:

„ Едно е достоинството на зборовите од духовно искуство, а друго е достоинството на красноречивите зборови.

Ученоста умее да ги украсува своите зборови и кога делото не го изучи искуствено; таа умее сјајно да беседи за вистината, а да не ја познава; вкусила познание на добродетел која потекнува од творење на вистината.

Зборовите кои потекнуваат од духовното искуство се ризница на надеж, а ученоста без искуствено знаење е за срам.

Кој беседи за она што не е втемелено на искуствено знаење, сличен е на уметник кој на ѕид слика извор на вода, но, таа вода не може да ја изгасне неговата жед, или пак е сличен на човек кој има чудесни сновиденија.

А оној, кој за добродетелта зборува врз основа на сопственото искуство на слушателите им дава зборови како некој, кој дава дарови од својот имот, стекнат со сопствени пари.

Во срцето на оние што го слушаат, тој ги сее зборовите кој самиот ги стекнал . Тој смело ја отвара устата пред духовните чеда , како во дамнина Јаков , кој на целомудрениот Јосиф му рекол:

„Јас ти давам еден дел повеќе отколку на браќата твои, од она што го зедов од рацете аморејски, со својот меч и со својот лак. (1.Мој.48,22)

Претходна статијаИсусе мој, лежам во рани раносан… (Oд Акатистот)
Следна статијаСветите отци го поставија послушанието повисоко од постот и молитвата!