Самиот Господ ќе нè научи на молитва. Нема сами да се научиме, ниту пак, некој друг ќе нè научи.

Да не говориме: Направив толку и толку метании – според тоа, сега си обезбедив благодат, туку молитвено да бараме во нас да засветли неминливата светлина на богопознанието, и да се отворат нашите духовни очи, за да ги разбереме божествените зборови.

На овој начин Бога Го љубиме без самопринудување, без труд и напор, и без да го воочиме тоа. Она што за луѓето е тешко, за Бога е многу лесно.

Бога ќе Го возљубиме изненадно – кога ќе нè осени благодатта. Доколку многу Го возљубиме Христа, молитвата ќе се случува сама од себе. Христос трајно ќе пребива во нашиот ум и срце.

Меѓутоа, за да останеме во ваквата духовна состојба, и да не ја изгубиме, неопходна ни е божествена, пламена љубов кон Христа.

Нашата љубов е усмерена кон едно вишо Битие. Бог сецелосно го љуби човекот, а човекот од своја страна, посакува да дојде до Љубениот.

Бог го љуби човекот со божествена и совршена љубов. Љубејќи го човекот, Бог е несебичен.

Старец Порфириј

Претходна статијаБог ги чува своите неверни верни! Два – три збора за милоста Божја
Следна статијаЗаради Твојата љубов, Господи мој, и јас таму да бидам…! (За смртта – Старец Порфириј)