ДИВЕЕВО – СВЕТА КАНАВКА
Браќа и сестри, вака сведочат оние кои Севишниот Бог ќе ги благослови да ја посетат Неговата светиња.
Што е Дивеево?
Дивеево – тоа е:
– местото кое самата Пресвета Богородица го одредила да биде сочувано до Второто доаѓање на Исус Христос;
– местото каде што се наоѓа Света Канавка, канал кој ногата на антихристот нема да може да го прескокне;
– местото каде што Канавка се наоѓа под самиот Престол Божји и самата Пресвета Богородица секоја ноќ по Небеската Литургија се симнува на неа и поминува по неа;
– местото каде што Канавка во вселената се гледа како огнен столб во облик на круг;
– местото каде што, кога еднаш ќе поминете по Светата Канавка и измолите 150 пати Богородице Дево, самата Пресвета Богородица ве зема под своја заштита;
– местото каде што вашите молитви одат директно пред Престолот Господов, пред нозете на Господа;
– местото каде што и птиците чувствуваат кога литијата ќе тргне по Светата Канавка;
– местото каде што е храмот во кој ќе се служи последната Божествена Литургија на земјата;
– местото каде што е храмот кој во текот на последната Божествена Литургија ќе се вознесе на Небесата и остатокот од Литургијата ќе се отслужи во Царството Небеско;
– местото каде што се гради храм внатре во Канавка по мерките кои ги дала Пресвета Богородица;
– местото каде што се моштите на Преподобниот Серафим Саровски, милиот баќушка, кому Мајката Божја му доаѓала 12 пати и го советувала како да нè подготви за последните времиња;
– местото каде што Светиот Цар Николај Романов го прославил Светиот Серафим Саровски кој пак, го прославил Светиот Цар Николај;
– местото каде што Светиот Цар Николај прв пат чул од јуродивата мајка Паша (Света Параскева) дека ќе добие син, но и дека семејството маченички ќе пострада;
– местото на кое е Казанскиот храм во кој кога ќе бидат внесени моштите на четирите дивеевски светителки близу сме до доаѓањето на Православниот Цар на Русија;
– местото каде што Свети Серафим Саровски ќе воскресне и пак ќе дојде да го проповеда покајанието и да го подготви православниот народ за Второто доаѓање Христово;
– местото каде што Пресвета Богородица отворила извор – Источник кој ги лекува сите кои со вера ќе се погружат три пати во име на Отецот и Синот и Духот Свет;
– местото каде што на Бога му служат 500 монахињи и уште многу послушници;
– местото каде што и брезата сведочи чудо;
– местото каде што брезата која ја посадил Свети Серафим Саровски на која во стеблото како израслина се појавил ликот на мечето Миша, постојаниот сопатник на баќушка;
– местото каде што среќавате многу интересни луѓе, со кои секоја средба е како долго очекувана средба со роден брат;
– местото каде што душите се препознаваат во Христа и се радуваат, неизмерно се радуваат;
– местото на кое кога еднаш ќе појдете, морате да се вратите.
И што можам јас на тоа да додадам?
Да се појде во Света Русија, а да не се појде во Дивеево… тоа е како да бидеш на Света Литургија, а да не се причестиш.
Свети Серафим говорел: „Кој еднаш помине по Светата Канавка, тука му е сè, и Атос и Ерусалим и Киев.“
Да се доживее Дивеево значи да се доживее Русија – Третиот Рим! За православните христијани една од најважните светињи сега и светиња на последните времиња.
Дивеево е мојот ДОМ! Таму не одам, таму се враќам, а секој ден на друго место е увежбување на чекори за Света Канавка!”
Превод : Мирјана Даниловска Мина
http://diveevo52.ru/index3.htm