Послушајте ме!
Не ја смутувајте својата душа заради тоа што сте немоќни и што не се поправате. Се разбира, вие можеби мислите дека не се поправате, но се надевам дека по малку се поправате во она за што не сте свесни, а тоа е доволно.
Тоа себепоправање не е големо, но може да биде доволно за спасение.
Ќе ви посочам само нешто за што не сте свесни, а ви се случува повремено:
– Ако некогаш некому направите милост – ќе бидете помилувани;
– Ако сострадате со оној кој страда – ќе се втемелите во мачениците;
– Ако му простите на оној кој ве навредува, тогаш не само што ви се простуваат гревовите, туку и станувате чеда на небесниот Отец;
– Ако дури и малку со покајние се помолите за спасение, ќе се спасите;
– Ако се укорите себеси, преземете вина и се осудите пред Бога за гревовите за кои ве потсетува совеста, и за тоа ќе бидете оправдани!
– Ако пред Бога ги исповедате своите гревови, плата за тоа ќе ви биде простувањето;
– Ако се нажалите заради своите гревови или дојдете во умиление, или заплачете, или воздивнете, ни тоа издишување нема да остане скриено од Него:
„Не е скриена од Него“, вели св. Симеон Нов Богослов, „ ни една солза, ниту дел од солзата“.
А св. Јован Златоуст вели:
„Ако и малку се нажалиш заради гревовите, Господ тоа ќе го прими како причина за твоето спасение“.
Гледате ли колку работи сте поправиле, а не сте знаеле за тоа. Затоа, за вас е подобро најпрво да се пофалите со слабостите, а не да се насладувате со своите поправања.
Нив нека ги мери нашиот праведен Наградодавец, а ние да се грижиме само за своите гревови и секогаш да се каеме поради нив; да се потрудиме за да ни бидат простени.“
Преподобен Мојсеј Оптински