М.

Денес имав задоволство да видам деца (вистински), занесени невино во ИГРА (вистинска).

Одамна заборавена (здрава) глетка на детстка игра, на деца во  детстка игра.

Го прашав едниот:

Имаш дома компјутер?

Одговори, покажувајќи кон играчката:

Да, еве го, и две камиончиња имам …и неколку топки…!

Н.

И јас пред некој ден видов деца како се прскаат со вода на тревникот спроти бивша „Алумина“, а беше вечер и не баш топло. Ми се врати надежта во човештвото, колку – толку. 🙂   Не биле до толку „килави“ новиве генерации.  🙂

M. Пријателе. , коментарите ни „звучат“ по малку апокалиптично. Некогаш за вакви времиња кога ќе плачеме и ќе се радуваме на природната сончева енергија, на вистинска природна храна, на луѓе кои не личат како роботи, на деца кои се деца…беа само сцени од некои фантастични филмови.

Многу брзо не стигнаа тие времиња.

И замисли, колку се радуваме заради една природна и најнормална до вчера глетка:

Деца кои си играат нормални детски игри !!!  🙁 !

E.   Моето дете има компјутер, ама  си игра со овците, со кучињата, гази во калтта, посокот и неретко вози велосопед. Има, има уште дечиња кои се радуваат на природата, што знаат безгрижно да уживаат во играта, ама се` зависи од нас, родителите, нели?

М.

Токму така е,  најмногу се одговорни родителите за тоа на кој начин ги усмеруваат своите деца воспоставувајќи рамнотежа во се`.

Кога нам, возрасните ни се привлечни социјалните мрежи, што да се рече за дечињата подложни природно на љубопитност за вакви „нови играчки“.

Заборавија да се движат, да комуницираат, да се смеат на невини игри, да спортуваат. Станаа безволни, физички неактивни, неорганизирани, конфузни, дезоириентирани…

Научија предвреме за „активностите на возрасните“, за суровоста и агресијата, војната, клеветата…

Најмалку се деца. На најголем број како да им прескокна  чистиот детски период, особено на оние до дванаесетата година од животот.

Секако, постојат исклучоци и дај Боже да се множат. Компјутерот да им служи ним,  а не децата (ние) нему. Да се воспостави умереност во се`, како што рековте, преку усрдноста и грижата на родителите .

М.

Ненаде и мене срцето ми се израдува, како да ме врати временската машина во некое старо (наше) време. Дечиња раскикотени, на кај шестгодишна возраст, играа невино радувајќи се на камиончето и на песокот. Скокаа врз сламата и го прегрнуваа мачорот.

Глетка која за жал, многу за жал, веќе е изумрена, не постои.

Искрено се изнасмеав кога – ама буквално – на прашањето:

Имаш дома компјутер? – како од топ, најневино и искрено не сфаќајки што е тоа компјутер ми одговори, ама, за тоа – колку камиончиња и топки имал… 🙂 !

 

 

Претходна статијаМолива за болен кон Господа
Следна статијаНеколку поуки за борбата против демоните!