Здраво! Имам едно прашање упатено до отецот.
Дали може да се прави свадбена веселба доколку во семејството има почината личност од чијашто смрт до сега има поминато 9 месеци?
Дали доколку имаме свадбена веселба, потоа може да имаме помен од една година за починатата личност?
Ви благодарам.
Одговара отец Горан:
Во однос на ова прашање црковна пречка нема, а секако е избор на семејството за венчавката.
Што се однесува до годишниот помен, секако повеќе од потребно и полезно е да се направи, како и спомнувањето на упокоената личност на литургиите и правење милост во нејзино име.