Еден совет за кој не би било лошо да размислите пред спиење.

Имено, утре многумина од вас ќе отидат на гробишта и ќе однесат многу храна која ќе си ја раздавате, за помен на починатите, меѓусебно. Со тоа чиниме милостина во име на починатиот. Свештениците ќе ги споменат починатите на парастасот.

Но, освен молитвата каква полза би имале починатите од раздавањето на храната кога ја даваме на луѓе кои имаат доволно?

Затоа ве советувам и замолувам да не ги одвраќате сиромашните кои ќе дојдат до вас и ќе ве замолат да им дадете нешто.

Тие навистина ќе ја употребат дадената храна и нема да ја фрлат во корпите.

Донирајте храна и во народните кујни, во детските домови, во затворите и интернатите. Секако го правите трошокот.

Не бидете робови на формата, размислете и исполнете ја суштината.

Бог нека се смилува на душите на нашите починати браќа и сестри и нека им подари Царство Небесно!

(2016  – фб)

Претходна статијаКако паѓаме во замката на непријателот!
Следна статијаПЕДЕСЕТНИЦА! (Кој е жеден, нека дојде при Мене да пие!…)