За читањето и музиката
Читај
„Кога го читаш Светото Писмо”, ми зборуваше, „а за просветление треба да го читаш непрестајно или житијата на светите или други црковни книги, ако пронајдеш некоја реченица или збор кои ќе остават впечаток на тебе, треба да се задржиш на тоа и да се задлабочиш за да ја видиш благосостојбата за тебе”.
+ + +
„Многу читај”, ми рече во една друга прилика, „за Бог да ти го просветли умот. Знаеш, јас многу читав, и дури, за да не ми пречат, co скали се качував на дрво, a за да не ме видат, и скалите ги повлекував на дрвото, и така co часови минував во читање и богомислие”.
+ + +
Кога во една прилика реков дека не се сеќавам на се’ што сум прочитал, Старецот ми рече:
„Треба да знаеш, чедо мое, дека се’ се чува во нашето помнење и кога Христос ќе оцени дека е вистинско време за тоа, ни открива”.
Кога се откри еден настан кој се случил пред 50 години, ми рече: „Секогаш треба да имаш на ум дека Бог се’ гледа и се’ следи. Во Неговата камера ни една снимка не се расипува”.
Лекција за читањето:
„Кога читаш”, ми рече еден ден, „труди се да читаш разбирливо, добро да се слуша секоја буква во секој збор.
Исто така, треба да се молиш и да пееш, зашто така се навикнуваш тоа да го правиш вистински и точно и во се’ да бидеш смирен, и во мислите, и во зборовите и во движењата”.
+ + +
Bo манастирот еднаш ми рече: „Земи ја оваа книга и читај ми”.
Тоа беше една од оние книги кои се читаа на самиот ден Божик.
И така, ја зедов таа книга и почнав да читам. Одвај прочитав три или четири страници, а тој проговори:
„Застани”.
Престанав да читам.
„Како така читаш?”, рече.
„Како читам, Старче?” Прашав.
„Ете! Види само. Треба да додадеш боја на твојот на својот глас. Секоја буква треба јасно да се слушне. He треба да ги голташ согласките на крајот на зборот и не треба да брзаш. Ајде, уште еднаш почни од почеток”.
Почнав од почеток.
„Ништо не чини”, ми вели, „слушај ме сега мене”. И почна да чита. Прочита неколку реченици, па рече: „Виде ли сега?”
„Да”, реков.
„Почни од почеток!”
Повторно почнав и прочитав повеќе реченици од првиот пат, веројатно беше подобро.
„Е, сега беше нешто подобро”, рече. „Секогаш треба да читаш како што ти покажав, а така и треба да читаш, како чтец во црквата.”
Ha крајот од лекцијата за читање ми рече:
„Поради тоа што многу се трудеше, земи ја книгата, ти ja подарувам”.
„Благодарам, Старче, за се’”, му реков и задоволен си заминав.
Како да пеам:
„Кога пееш”, ми рече, „пеј смирено, без мимики, без движења на рацете по Псалтирот. He треба да гледаш наоколу или да разговараш за време на пеењето.
Треба длабоко да го доживееш тоа што го пееш, зашто само така своето доживување ќе можеш да им го пренесеш на луѓето во црквата.
Добрата музика прави добро на човечката душа”.
He ги поднесуваме сите книги:
Bo 1971 година читав една книга од блаженопочинатиот професор П. Требеласа, во која пишува што е духовност, за историјата на духовноста, за духовните појави, објаснување на умовиденија, за медиумите, духовноста како откритие, учења за духовноста, за духовноста и христијанството. Читајќи, книгата во мене создаде разни стравови, вознемирувања и ми донесе помисли за разни проблеми, а во мојата вера создаде сомнеж.
Иако ништо не му кажав, Старецот го забележа тоа и ми рече:
„Веднаш да ја оставиш таа книга што ја читаш зашто лукавиот многу те напаѓа”.
Навистина, го прочитав само крајот на книгата каде што пишуваше каква е врската меѓу духовноста во христијанството и нешто друго за што пишувало некаде на средината од книгата што не го прочитав.
Тогаш разбрав дека не треба да правиме нешто што не можеме да го поднесеме и ако не сме духовно зрели, не треба да читаме книга што не’ вознемирува, што пишува за делата на ѓаволот или на некој друг начин не ни одговара нејзината содржина.
Пренесено од книгата “Срце за целиот свет” од старец Пајсиј, старец Порфириј и старец Тихон