Дома Празници Кои беа жените Мироносици?

Кои беа жените Мироносици?

0
1025

Светителот учи дека Христовото Воскресение е обновување на човечката природа и оживување, пресоздавање и враќање во бесмртниот живот на првиот Адам. Првиот Адам, по неговото создавање прва го виде жената, затоа што во тој час немало никој друг да го види, бидејќи Ева е создадена по него.

Така и новиот Адам не Го видел никој кога излегол од гробот, a малку потоа први Го виделе жените.

Ha тој начин мироносиците станале евангелисти на евангелистите и апостоли на апостолите. Тоа има и едно друго значење.

Ева беше онаа која ја донесе пораката за падот на Адам, а сега жената е таа која им ja носи на апостолите пораката за Воскресението.

Ha тој начин го имаме и повторното воспоставување на женската природа, бидејќи никој не може да ја обвини за престапот и за падот.

Коментаторот Никита прави и други забелешки во врска co имињата на жените мироносици, кои одговараат на нивниот личен живот и го покажуваат начинот што треба да го применуваме и патот што треба да го следиме за да Го видиме Воскреснатиот Христос.

Марија Магдалина, од која Христос изгони седум демони, ја означува онаа душа која се очистува од демоните co зборовите на евангелските заповеди. Саломија, чиешто име се преведува како мир, го означува оној човек кој го стекнал внатрешниот мир, откако ги победил страстите, го потчинил телото на душата, и го стекнува, преку созерцанието и преку духовните поимања, познанието.

Јоана, чиешто име значи голубица, ја симболизира душата што е незлобива и плодна co добродетели, која ја отфрлила секоја страст co кротоста и Koja e топла за да ги раѓа духовните поимања co духовно расудување.

Кога човекот се одликува co овие состојби и се доближува до гробот на своето срце, тогаш ќе го види каменот на нејаснотијата на зборовите како се подига, ќе ги види ангелите, т.е. својата совест, како го известуваат дека во него воскреснал умртвениот логос на добродетелта и на познанието, но уште и ќе се удостои да го види јавувањето и на Самиот Логос Божји во умот, без обрасци и симболи.

Тоа значи дека е потребно очистување за да се удостои некој да My се поклони на Воскреснатиот Христос и за да го слушне словото на воскресението…“

Свети Григориј Палама