ПРОСЕЈ НИЗ ТРИ СИТА – СОКРАТОВА ПРОВЕРКА
9. Божја заповед: Не сведочи лажно, не озборувај!
Големиот античкиг философ, Сократ, го сретнал некој познаник и веднаш по поздравот го прашал:
– Знаеш ли штотуку што чув за еден твој пријател?
– Само момент – го сопрел Сократ.
– Пред да ми кажеш макар и еден збор, ајде тоа да го просееме низ три сита.
– Она што сакам да ти го кажам да го просееме низ три сита? – запрепастено запрашал познаникот.
– Токму така, – рекол Сократ.
– Првото сито е сито на вистината!
Да ли си сосема сигурен дека тоа што сакаш да ми го кажеш е вистина?
– Не – одговорил човекот.
– Всушност, штотуку го имам чуено и …
– Во ред – рекол Сократ.
– Значи, не знаеш сигурно дали тоа е вистина или не е.
Сега да го просееме низ второто сито.
Ситото на добрината!
Дали сакаш да ми кажеш нешто добро за мојот пријател?
– Не, токму спротивносто…
– Значи така, – продолжил Сократ, – сакаш да ми кажеш нешто лошо за него, но не знаеш дали тоа е вистина.
Имаме уште едно сито:
Ситото на употребливоста!
Да ли ќе ми биде од полза, душевна или материјална, тоа што сакаш да ми го кажеш за мојот пријател?
– Всушност, не…
– Значи, – заклучил Сократ, – ти сакаш да ми кажеш нешто, за што не знаеш дали е встинито, а не е добро ниту корисно, па зошто воопшто тоа би ми го кажувал?
Што мислите за овие три степена на проверка на вистинитоста на озборувањето.
Обидете се и вие да го испробате!
Штета што во разни редакции на таблоиди и дневни весници никогаш не чуле за овој Сократов тест.
Извор: ”Светосавско звонце”
Превод Мина Даниловска.