94. Оче Клеопа, зошто треба да се случи крајот на светот?
Светите отци велат дека поради четири причини треба да биде крајот на светот:
за да се покаже правдата Божја во сета cвојa совршеност; за да се покаже неправедноста на луѓето во однос на Божјите заповеди; за да се казнат гревовите и беззаконијата на светот од неговото основање до крајот навековите и за да се наградат добрите дела на праведниците по мерката на нивната вера и трпение.
95. Кога ќе биде крајот на светот?
Никој не знае кога ќе биде крајот на светот. Тоа е голема тајна Божја. Еднаш учениците Го запрашале Исуса Христа:
Кога ќе биде крајот на светот? А Господ им одговорил: А за тој ден и час никој не знае, ниту ангелите небесни, а само Мојот Отец (Мат. 24, 36; Марко 13, 32; Лука 17, 20).
Спасителот ни кажува дека крајот ќе дојде без најава, како што некогаш дојде потопот. Но, како што беше во деновите на Ное, така ќе биде и при доаѓањето на Синот Човечки; оти, како што во деновите пред потопот јадеа и пиеја, се женеа и се мажеа до оној ден, кога Ное влезе во ковчегот, и не узнаа, додека не дојде потопот и истреби се’ – рака ќе биде и доаѓањето на Синот Човечки (Мат. 24,37-39).
Затоа треба постојано “да бдееме”, да бидеме подготвени преку покајание и добри дела и да престојуваме во исчекување на Женикот Христос, како што престојуваа и мудрите девојки, бидејќи не знаеме во кое време од ноќта на нашиот живот ќе дојде, бидејќи во кој час и не мислите, ќе дојде Синот Човечки (Мат. 24,42-44).
Ho Господ сосема не не’ остави во недоумица. Он ни рече дека пред Неговото доаѓање “co слава да им суди на живите и мртвите”, како што се вели во “Верувам”, ќе следат бројни знаци меѓу луѓето на земјата и вселената, кои ќе го навестат приближувањето на Христовото доаѓање. Според тие знаци ќе познаеме колку е близу доаѓањето на Господа за суд.
96. Кои се најглавните знаци кои претходат на Второто Христово доаѓање?
Bo Стариот Завет особено ни ги покажаа великите пророци Исаија, Езекил и Даниил, а во Новиот завет, светите апостоли Петар, Павле, како и Јован во Апокалипсата.
Но најјасно ни ги навести Господ Исус Христос преку светите евангелисти (Мат. гл. 24; Марко гл. 1З; Лука гл. 21).
97. Што треба да правиме ние христијаните, за да најдеме милост во денот на Христовиот суд?
Да правиме милост, за да најдеме милост. Спасителот најнапред ќе не’ запраша за делата на христијанската милост, како што читаме кај светиот евангелист Матеј во 25 глава, стиховите 31-46.
Потоа co светост да ја чуваме вистинската вера во Исуса Христа, онака како што ја наследивме од светите апостоли. Да се чуваме од лажните пророци и христоси (споредете co Мат. 24,24), а тоа се побунетите христијани кои се одвојуваат од Телото на Црквата Христова.
Покрај вистинската вера, да бидеме послушни на светата Црква и на нашите духовни пастири; повеќе да се молиме, често да се исповедаме, да ги напуштиме сите гревови кои не’ одвојуваат од Бога, да живееме сите во љубов, бидејќи “љубовта никогаш не престанува” (1. Кор. 13, , и да ги трпиме сите неволји и сите животни проверки, бидејќи Христос ни вели:
A кој претрпи до крај, тој ќе биде спќасен (Мат. 24,13).
Пренесено од книгата “Голем е Бог” од старец Клеопа
Подготви Мина Даниловска