Состојки:
Компир според желба
Кромид
Печурки во тегла шампињони
магдонос, зачини
Подготовка:
Излупениот компир го вариме во солена вода
Во меѓувреме:
Два средни по големина кромида ги сецкаме ситно. Во подлабока тава со масли го пропржуваме.
Потоа додаваме печурки шампињони (оние кои се во тегла).
Заедно динстаме со кромидот петнаесетина минути, по потреба додавајки повремено сосема малку пиво или бело вино. Колку за шмек.
Варениот компир го сецкаме на парчиња и го додаваме во тавата со кромидот и печурките и го промешуваме до 5 минути. Му додаваме лажица црвен пипер.
На крајот му додаваме зачини, вегета сол, буковец, и сосема на крај, магдонос и сецкан лук.
Ручекот е готов и навистина е вкусен!