Прашање:

Пред пет години доживеав тешка сообраќајна несреќа во која благодарение на Бога, слава Му, останав жива, иако скоро да беше тоа неверојатно. Тоагш син ми имаше само два и пол месеци. Денот, пред да ме прегази кола бев во црква.

Токму денес, поминаа точно пет години на местото каде што ми се случи сообраќајната несреќа, најдов мала икона од Свети Јован Крстител. Нормално ја зедов. Но во дилема сум што треба тоа да значи. дали е некој знак од Бога и како понатаму да постапувам.

Ве молам за одговор и упатство.

ОДГОВОР од отец Горан Стојчевски:

Живи ли сме да му благодариме на Бога што ни овозможил уште денови за покајание, и што на разни начини повикува кон Него.

Она нешто секој крстен треба да го направи (а не го направил) да се потруди доколку сака, е да се исповеда, да добие благослов за начин на постење и молитвено правило, читање на Светото Писмо, присуство на неделните и празничните литургии и за причестување.

Исповедтта при духовниот отец ќе ви ги реши тие недоумици. Ви посакува секое добро во Бога.

Претходна статија„ПАСТИРСКИ ПРИСТАП ИЛИ ПОИСТОВЕТУВАЊЕ“ (Излезе од печат новата книга на Митрополитот Струмички Наум)
Следна статијаАКО ТРИ ПАТИ ПОБАРАШ ПРОСТУВАЊЕ И НЕ ТИ ПРОСТУВА…(Старец Клеопа)