ПРИЧИНА ЗА НЕВОЛЈИТЕ
Bo тоа време на земјата дојде страшен помор. Луѓето умираа одеднаш и во страшни маки.
Еден пријател на светителот по име Григориј дојде во неговата ќелија и го запраша:
– Те молам, оче, кажи како се случи тоа да не’ снајде ова зло?
– Тоа е природно, дете мое – му одговори праведникот без двоумење. – Ние толку многу го огорчивме бесмртниот Бог, престапувајќи го непрестајно Неговиот закон, што Тој ни го испрати овој срп за да не’ пожнее.
Напишано е дека гревот ја предизвикува смртта. Ете, вчера видов еден страшен маж како и’ се заканува на земјата и и’ зборува:
„Сите распуштени што живеат на тебе, сите пијаници и стомакоугодници, сите среброљупци и лихвари, сите измамници и клеветници, но најпрвин сите содомци што не се каат ќе ги погубам!”
– Значи чедо мое, да не го разгневевме Творецот и својот заштитник, немаше да не’ снајде ова. Но да слушнеше колку полоши зборови тој изрече, не би издржал…
Се закануваше дека ќе не’ пожнее co српот и ќе не’ искасапи co меч, бидејќи воопшто не гледа дека имаме покајание, ниту дека ни најмалку се поправаме. Прославената Негова Мајка стоеше кај Hero тажна и Го молеше да ја одложи казната. Истото тоа го правеше и некој jepapx, но не можев да дознаам кој, се сеќавам само дека беше co бели влакна и малку проќелав. Но залудно.
„Да не сте вие, можеби, помилостиви од Мене? Повеќе да не ве боли вас… Зар не гледате какво зло се случува? Речиси сите го презираат Мојот свет закон! Никој не Me почитува!”
– Навистина, оче – рече Григориј – народот е десеткуван. Многумина од нив се мачат на постелата co болки. Туку, кажи ми која е главната причина за овој помор, но и за сите болести, воопшто?
– Чедо мое Григорије – му одговори старецот – за оние што тешко се разболуваат напишано е:
Ги понизи кога се возгордееја – а за здравите луѓе кои имаат доблести, пишува:
Он ги исцелува скрушените по срце. Слушаш ли? Скрушените по срце!
Смирените, значи!
Помисли, ако Бог не се сожалил ни на апостолот Павле, големиот светилник, туку му дал неисцелива болест, ангел сатанин да го боцка no лицето, па така да не се гордее поради мноштвото откровенија што му се случиле, како нема да му даде власт на сатаната да удира co болест и на нас грешните, се’ додека не се смириме?
Бидејќи не е доволно тоа што сме грешни, туку уште и се гордееме. A еве што вели Писмото:
Она што е за луѓето високо, пред Бога е мерзост.
Пренесено од книгата “Свети Нифонт – Подвижник меѓу епископите”