РАЗГОВОРИ И СОВЕТИ

  • Што да прави жената која го оставила својот маж?

На жената која го остава сопругот повеќе не и’ е дозволено да се омажи во вечни векови.

Ако нејзиниот маж е злобен и неверник?

Што вели светиот апостол Павле? Оти, од каде знаеш, жено, не ќе ли го спасиш ти мажот? Или од каде знаеш, о мажу, нема ли да ја спасиш ти жената? (1. Кор. 7, 16).

Еден ден при мене дојде некоја жена. Нејзиниот сопруг бил мајстор паркетар. И многу бил лош: кога доаѓал дома пијан, им се заканувал и на жената и на децата, зашто имале четири дечиња. Жената бегала преку оградата, co децата спиела кај соседите.

И дојде и при мене.

-Оче, повеќе не можам. Пцуе, колне, оди кај други жени, се заканува дека ќе не’ убие. Што да правам, бидејќи имам четири мали дечиња co него?

-А дали ќе правиш онака како што ќе ти кажам?

-Ќе правам дури не умрам!

Најголемото детенце имало девет години.

-Оди си дома и да постиш барем четириесет пати секој петок!

-Јас ги постам средите и понеделникот.

-Уште подобро. И да читаш Акатист на Покров на Пресвета Богородица и Акатист на свети Никола. Ќе видиш што ќе се случи!

Еден да прочиташ наутро, а другиот навечер и него да го спомнуваш. И ако не се поврати co добра волја, тогаш него Бог ќе го вразуми. Зар не се вели во Псалтирот: челуста co узда и оглавник се скротува за да Ти се покоруваат (Псал. 31,9).

Односно Бог има две волји. Едната се нарекува претходничка, вели свети Никодим и другата се нарекува следбеничка. Според првата Бог им посакува добро на сите свои созданија.

А втората се нарекува допуштање, Бог допушта големи неволји. Зема камшик во рацете и вели:

“He сакаш доброволно да дојдеш при Мене? Јас имам и други методи за да те вразумам”. И му дава големи неволји и така го обратува на покајание.

И како помина нејзиниот маж? Бидејќи како мајстор паркетар, поради пијанството, немал платено на некои луѓе при работата, го фатиле двајца и го тепале се’ дури не му ги искршиле коските. И го оставиле претепан до смрт.

Го донеле дома целиот искршен. Жената, сирота, кога го видела веднаш помислила: “Ете, сега Бог го казни според неговите гревови”. И не и’ било мило.

Почнала да го негува; дошла co доктори; масажи, завои, се’ што знаела и можела, и тој човек оздравел, само останал куц на едната нога.

Ho станал толку побожен, така што не става на јазикот ниту капка ракија, ниту вино, повеќе не пцуе, оди во црква. Иако куц на едната нога, не изостанува од црквата. “Ајде, бре деца, во црква, среќи на татка! Ајде, жено!”

И жената го довела на вистинскиот пат. Што велите?

Бог си има средства.

Така треба да правиш, a не кога ќе наидеш на некаква неволја да побегнеш. Моли се за него! Слушнете што вели свети Никодим Агиорит:

“Според мерката на твоето молење за оној кој ти прави зло, според таа мерка даваш во Божјите раце меч, та Бог му возвраќа”.

И потоа Бог умее да му стави узда и улар.

Преподобен оче, јас бев мажена за свој роднина, што да правам?

Ако сте биле роднини, Црквата ве разделува. Ти немаш грев што се разделивте. Но бракот е нераскинлив. Она што Бог го составил човекот не може да го раздели.

Ho има пет канонски исклучоци:

Првиот е смртта, кога еден од сопружниците е починат.

Вториот е прељубата, ако некој падне во гревот, тогаш другиот може да го остави, но само откако ќе се посоветува co духовникот.

Третиот е родосквернавење, како што било кај тебе, co мешање на крвта.

Четвртиот е отпадништвото на едниот сопружник. Ако едниот отпаднал од вистинската вера и станал адвентист, баптист, јеховист или од било која друга секта, тогаш другиот може да го остави.

Петтиот е стапувањето на еден од сопружниците во монаштво, ако нема семејни обврски или co одобрение на другиот.

Ете, свети Ефрем Сирин вели:

“Оној што сака да оди во манастир, ако не е во брак, врзан е само за рацете, таквиот треба да се бори co својата волја. Ако, пак, е во брак, тогаш врзан е и за нозете”.

Рековте да се молиме за непријателите. Како?

Господи, помилувај ги; прости им ги гревовите на сите кои не’ мразат, кои не’ повредуваат. Ако, пак, сопругот е лош, речете вака:

“Помилувај го, Господи, мојот сопруг и избави го од ѓаволските искушенија, повеќе да не ме мрази, да не ме пцуе, повеќе да не пие”, така треба да се молиш за него.

Ho за било кој и да е непријател кој те мрази и повредува, ти да го слушаш гласот на Евангелието:

Љубете ги непријателите свои, благословувајте ги оние што ве колнат, правете им добро на оние што ве мразат и молете се за оние што ве навредуваат и гонат (Мат. 5,44).

Ho кога се молиш, да не велиш дека тој е виновен, бидејќи тогаш Бог не ќе ти помогне. Знаеш ли што да речеш? “Помилувај ме, Господи мене грешничката, бидејќи поради моите гревови мојот сопруг стана лош. Ја сум лошата!”

Тогаш Бог ќе те чуе. Да не ја фрлаш вината на другиот.

Себеси да се обвиниш, бидејќи не ја знаеме каква е Божјата правда.

Ако себеси се сметам за виновен, a ce молам за браќата, тогаш Бог ме слуша. Бидејќи вака вели: “Според мерката на твоето молење за оној кој ти прави незгоди, даваш во Божјата рака меч да му врати”. He ти е дозволено да се осветуваш. He!

  • Што треба да правам кога служам света Литургија и Го примам Христа?

Кога сакаш да служиш и да се причеснаиш co Телото и Крвта Христови, должен си три работи да направиш: да бидеш помирен со сите, да се исповедаш и да го извршиш молитвениот канон. Co овие три работи секогаш пристапувај, а без нив никогаш да не се осмелуваш да пристапиш на светињите, за да не бидеш изгорен во божествениот оган.

  • Што да правам за да се спасам? -запраша еден монах.

Овие три нешта да га пазиш и ќе се спасиш со дарот Христов: Секојдневно да не ти останат неизвршени правилото и молитвата. Стани на полноќ и моли се на Бога, учествувајќи на Утринската служба. Се’ до смртта воздржувај се од јадењето на месо и од озборувањето.

  • Дајте ми едно корисно слово!

Слушнете, оче. Мајката на сите добри дела е светата молитва. Во времето одредено за молитва ако се занимаваш co нешто друго, освен co молитвата, тогаш си исмеван од ѓаволот, бидејќи сите светители биле во молитвата.

Првата грижа да ти биде молитвата, a потоа читањето, пишувањето, ракоделието. Да не те заведат занаетите наместо молитвата.

Само кога си под послушание, тогаш имаш благословена причина да изостанеш од молитвата, бидејќи послушанието е поголемо од молитвата. Човека кон Бога ништо повеќе не го прилепува отколку светата молитва! Да не не’ фати мрзата ниту еден миг да разговараме co Бога, бидејќи ѓаволот бие голама битка против оние што се молат.

  • Колку прави добро дело оној што се покајува?

Божествените отци велат дека ниту едно добро дело не е поскапоцено под сонцето од признавањето на своите гревови; и ниту една опасност не е поголема за душата од непризнавањето на немоќта.

Кажете ми слово за царството Божјо?

Слушнете, брату, царството Божјо не престојува во зборот, туку во силата, односно во практикувањето на добрите дела!

– Оче, кај мене доаѓаат верници за исповед, дали да ги примам?

Да ги примиме co сета љубов, оче. Ете, колку се намачиле нивните ангели да ги донесат дотука, а зар ние да ги оставиме неисповедани?

Ако co оној што сум бил скаран, и неколку пати сум побарал простување, но не ми простил, што да правам за да се смирам co него?

Повеќе ништо да не му зборуваш, ниту co некого да го озборуваш, туку моли My ce на Бога за него и прости му од се’ срце. По некое време се гасне гневот, налик на огнот во кој повеќе не ставаш дрва.

  • Дали е грев да се пуши?

Bo Светото Евангелие не најдов: “немој да пушите”, меѓутоа го пронајдов “не судете” (Мат. 7, 1). Сепак, пушењето е грев.

  • Зошто не можам да се молам co истата ревност како оние денови кога дојдов во манастирот?

Поради заборавот, бидејќи забораваме на смртниот час и на часот на Божјиот Суд. Светите отци не’ учат велејќи:

“Како што водата го гасне огнот, така заборавот ја згаснува молитвата”. Да се вратиме на првобитната ревност и ќе се спасиме.

Ha еден отец кој често се гневел на својот ученик, еднаш старецот му рекол:

“Оче, нема ништо потешко од духовното растење на некого. Но да не заборавиме што вели свети Ефрем Сирин, бидејќи само кроткоста е патот на поправањето и придобивањето на душите”.

Еден брат кој поднесувал тешко искушение, го запрашал отец Клеопа: Што да правам при ова страдање?

Трпи брату, до крајот и благодари на Бога што ваквото однесување е знак на милоста Божја, а не на Неговиот гнев.

Дали може добриот христијанин да го спаси семејството, селото, заедницата, преку светоста на својот живот?

Како да не може, оче! Колку повеќе се избрани христијани во светот, во некоја земја, место, толку таа земја или место ce поштедени од опасности, војни, земјотреси, глад и од секакво зло.

А колку што, пак, ќе се намалат избраниците Божји во некоја земја или место, толку повеќе ќе биде погодена од гневот Господов. Еднаш еден светител бил запрашан:

“Дали може еден човек да ја спаси тврдината?” “Може”, одговорил. Пример бил пророкот и цар Давид. Бидејќи слушнете што вели Бог: Поради Давид, мојот слуга, не ќе го сотрам градот Ерусалим.

Дали луѓето од пред Христос, како и оние што до денес не поверуваа во Hero, и самите не беа предводени од промислата Божји?

Сите луѓе, пред и по Христос, верните или неверните, како и нашите некогашни предци, сите биле и живееле под Божјата промисла. Бидејќи промислата е од вековите, а не само од воплотувањето на нашиот Господ Исус Христос.

Никогаш светот и целото создание не биле лишени од милоста и Божјата промисла.

  • Како прилега духовно да се однесувам меѓу луѓето?

Co изгледот да бидеш снисходлив и co љубов, а во тајност да имаш духовно дејство. Тоа е тајната на нашиот живот! Или, како што се вели во “Отечникот”:

“Користа за братот е твој плод”. Помагајќи, милувајќи, тешејќи и љубејќи го ближниот, себеси се спасуваме. Мојата молитва е тебе да те хранам, тебе да те напојам, тебе да те одморам и да ти користам. Бидејќи љубовта во својот поредок е повисока од молитва. Бидејќи молитвата е само едно од добрите дела, а љубовта е врската на совршенството. Љубовта ги опфаќа сите добри дела.

  • Бидејќи моето послушание е во гостопримница, кажете ми: како треба да ги примаме гостите во манастирот?

Гостите доаѓаат кај нас во името Христово. Затоа ги примаме co љубов во манастирите, ги одмораме, ги нагостуваме и разрешуваме за вино, бидејќи co твојот брат доаѓа и Христос кај тебе. Така, преку нив, го имаме Христос меѓу себе. Тука лежи целиот клуч на нашето христијанско и манастирско гостопримство.

  • Сепак, дали гостопримството и љубовта кон ближниот имаат некаква мерка?

Спасителот вели да го љубиме ближниот свој како себеси (Мат. 19, 19), односно co мерка, колку што себеси се љубиш. А некои свети отци велат:

“И љубовта кон ближниот да не ja излеваш кон сите co мерка, туку ограничено. Најнапред да правиш милост и да ги помагаш своите домашни, потоа своите сонародници и на крајот странците”. Истото е и co гостопримството во манастирите, ограничено според случајот и околностите.

Зашто, фрлањето во светскиот вртеж многупати ни донесува штета наместо корист.

– Според искуството кое го имате, каде денес се наоѓа почистата вера: меѓу едноставните или меѓу учените верници?

Да го слушнеме свети Јован Златоуст, кој вели:

“Ако сакаш да ја најдеш чистата вера, ќе ja најдеш долу кај народот…”

Нивната искреност, смирение и каење за гревовите, налик на грешниците од Евангелието, Бог го прима како жртва. Верата чиста, искрена и верна која е кај нашите верници од село не ќе ја најдеме на другата страна. Зашто, иако грешат, тие умеат повеќе отколку другите да се смират и да ги исповедаат своите гревови.

Да го слушнеме и свети Ефрем Сирин, кој во словото за цариникот и фарисејот, меѓу другото вели:

“Во две коли впрегни ja правдата co гордоста и гревот co смирението, и гледај која побрзо ќе стигне при Бога”. Фарисејот ја впрегнал правдата co гордоста, но не стигнал при Бога.

А цариникот го впрегнал гревот co смирението и го престигнал фарисејот. Бидејќи Бог се противи на горделивите, а на смирените им дава благодат (Јак. 4, 6).

И на друго место: Без Мене не можетe да направите ништо (Јован 15,5).

Постои еден внатрешен фарисеј во нашите срца, кој не ни дозволува да се смириме. Ако го извадиме надвор од нас, тогаш брзо ќе стигнеме при Бога. Та да не заборавиме дека Бог е Бог на срцето!

Он го знае сечие срце. Затоа е голем грев некому да му судиме. Истото го вели и свети Јован Златоуст:

“Бог не се слави при многубројните, туку во малубројните; не во моќните, туку во слабите, но искрени и верни”. Инаку би се мислело дека Он e немоќен.

Бидејќи сатаната има обичај, оние што раководат и се моќни, да ги надвладее co гордоста, омразата, среброљубието, гордоста и неверувањето.

  • Кое умување е највишо за христијанинот?

Некои божествени отци велат дека најголемото умување е да ja спознаеме сопствената немоќ. Бидејќи Христос вели:

Па така и вие, кога исполните се’ што ви е заповедано, речете: ‘Hue сме слуги негодни, оти го извршивме она, што бевме должни да го извршиме’ (Лука 17, 10).

Ho, дали некој прави се’ што Христос ни заповеда? Само co смирение можат да ги прават.

Според свети Исак Сирин смирението е двојно: смирение од гревот, кое е самопознание и смирение од својата праведност.

Првото е само исповедање на личните гревови. Но да не мисли некој дека тоа е смирение што ги познава своите гревови. Вистинско смирение е само она кога некој ги има сите добри дела и достигне да прави и чудеса, а себеси се смета за прашина и пепел.

Ho, до мерката на вистинското смирение достигнуваат само светителите. Си спомнувам на едно раскажување. Еднаш некоја девственичка го научила напамет целото Свето Писмо. Потоа отишла кај некој свет испосник и му кажала.

Старецот, пак, ја запрашал:

“Дали навредата ја сметаш за пофалба, a бесчестието за чест?”

“He!”, одговорила таа.

“Тогаш ништо немаш направено, и’ одговорил старецот, оди си дома и повторно читај го Светото Писмо!” (“Отечник”, 1930).

  • Кажете ми слово за пустинскиот живот. Кој е постар: општожитејскиот или пустинскиот?

Христос најнапред го основа пустинскиот живот, co четириесетдневниот пост на Гората на искушенијата, каде што беше искушуван од ѓаволот, кого го победи. Потоа избирајќи ги дванаесетмината апостоли, го основа општожитејството.

  • Преподобен оче, ме совладува страста на гневот и ги соблазнувам браќата. Што да правам за да имам кроткост?

Свети Ефрем Сирин вели:

“Со неверникот, кога сака да пријде кон верата, да зборуваш co голема кроткост бидејќи само кроткоста е образ на преобратувањето и придобивањето на душите”. А свети Григориј Богослов вели: “Кроткоста патува помеѓу гневот и нечувствувањето”.

Значи, за да го добиеме дарот на кроткоста, да My се молиме постојано на Бога, да ги читаме поуките на светите отци и постојано да го држиме средниот пат. Истото го вели свети Григориј Богослов во стихови:

“Умот се лаже и вистината станува ограбена

Од премногу љубов и премногу омраза”.

Духовникот треба посебно да jа држи мерката на кроткоста и вистината помеѓу љубовта и гневот, односно помеѓу простувањето и епитимијата. На исповедта тој треба да ја мери љубовта co правда, a омразата co трпение и кроткост.

  • Како може човекот да има повеќе духовно смирение во овој минлив живот?

Co бегањето од многуте грижи. Тоа ни го покажува божествениот отец Исак Сирин, кој вели:

“Човекот co многу грижи не може да стане кроток и смирен”. И повторно вели: “Без отуѓувањето од многуте грижи не барај ја светлината во својата душа”. И повторно: “Умот поматен (од грижи) не ќе се спаси од заборавот и мудроста на таквиот не му ја отвора вратата”.

Впрочем, да бегаме од лажните грижи на овој век, за да добиеме мир на срцето и светата молитва, Koja e мајка на сите добри дела.

Bo што се состои човековата чистота и на колку области се дели?

Чистотата на човекот е тројна, имено: чистота на телото, односно негово чување од сите телесни нечистотии: чистота на душата, односно нејзиното ослободување од врските co скриените страсти кои се образуваат во умот; и третата е чистотата на умот, која, според свети Исак Сирин, ja достигнуваат само совршените во откривањето на божествените тајни.

  • Имено, како се манифестира вистинската љубов кон ближниот?

Вистинската љубов се манифестира не само co дарување на милостина, туку многу повеќе во поучувањето на словото Божјо и телесното служење на болните.

  • Како можеме да се избавиме од туѓите клевети?

Од оваа ужасна страст можеме да се избавиме co светата молитва. Еве слушнете што вели божествениот отец Максим Исповедник:

“Колку повеќе што се молиш од душата за оној кој те клевети, во толку Бог ја покажува вистината на оние што те соблазнуваат”. Истото го вели и свети Исак Сирин: “Неправедната уста co молитва се затвора”. Да се молиме повеќе за да се избавиме од осудата и гневот Божји.

  • Кое е најсилното слово што може да им користи на другите?

Најсилното слово кое може да им користи на другите и да ги изградува е словото во спрега co дејствувањето, односно примерот на нашиот живот. Ова ни го покажува истиот свет отец Исак Сирин, кој вели:

“Едно е словото од дејствувањето, а друго е убавото слово кое е далеку од некое практикување”.

И на друго место вели: “Мудроста умее да ги украси своите зборови и да ја зборува вистината не познавајќи ја и да ја покаже како добро дело, немајќи го умеењето на дејствување.

Дејственото слово е дом на надежта, а недејствената мудрост е залог на срамот”. Односно ја посрамува совеста на оној што говори, а тоа не го исполнува co дело. Потоа додава:

“Налик на мајсторот кој насликува вода на ѕидовите, не можејќи co неа да ја згасне својата жед и налик на оној што сонува убави сништа, такво е словото без дела”.

Пренесе Мина Даниловска – од книгата “Голем е Бог” на Старец Клеопа

Претходна статијаСОВЕСТА Е ГЛАСОТ НА СВЕТИОТ ДУХ (За совеста и солзите)
Следна статијаВОЈНА СО ИСКУШЕНИЈАТА – Старец Јосиф Исихаст