Отец
Знаеме дека давањето милостина и сочувството се едни од главните одлики на христијанството.
Како човек кој неретко се радува во давање милостина, понекогаш ми се јавува таа помалку суетна размисла или расудување:
Дали треба да ја дадам на човек за кој би претпоставил дека е мрзелив и затоа проси, (а е работоспособно лице) и дали треба да продолжам да ја давам на лице за кое ќе допрат информации до мене дека испросеното го користи за коцкарски цели или за пиење?
Во однос ова второво штотуку имав таков случај и помалку непријатно ми падна, иако мислам дек не треба како христијанин да се разочарам заради тоа, но се прашувам дали треба да продолжам да давам милостината на тој човек знаејќи дека ја злоупотребува за гревовна цел?
Ме интересира кој е ставот на Црквата?
Благодарам
Одговор на отец Горан Стојчевски:
Во едно слово патријатхот Павле има споменато, јас на секој човек му излегувам во пресрет со доверба, а ако ме лаже што можам јас тука.
Таквиот човек си има работа како и во секој човечки однос, со Бога, некој ако некого лаже и злоупотребува тоа му го прави и на Христа. И најдобро ќе биде начин да си бара простување низ покајание и исповед.
Ако не сака, а знаеме дека нѐ лаже и злоупотребува и тешко се бори со страстите, ќе напоменеме дека нашата помош нареден пат нема да ја дадеме оти поттикнуваме мрзливост или порок (коцкање, дрога, цигари…).
Но, секој нека одлучи според срцето дали ќе помогне пак, ако претходно ги знае овие работи. Најдобро е да се најде/најдат конкретни личности на кој ќе им помагаме знаејќи дека нема да ја злоупотребат помошта, а не да помагаме со цел да имаме чиста совест.
Но, како што споменав секој нека си одлучи, некогаш знаеме дека не лаже некој и злоупотребува, ама ете, знаеме дека и човекот има слабост кон некоја страст.
Но, исто така треба да знаеме да не бидеме соучесници во грев што се повторува, а за кој нема покајание.
Бог по молитвите на Богородица, да нѐ просветли за да знаеме како да постапуваме.