Паштета од индиски ореви

Потребни состојки:

200-250 грама индиски ореви

100 грама бел грав или место грав 100 грама леќа.

1-2 суви црвени пиперки многу малку потпечени ситно сецкани.

Сол, вегета, биберпо вкус и прстофат босилек или оригано.

1 лажица доматен сос.

3-4 чесниња лук  (може и повеќе во зависност од вашиот вкус).

Подготовка:

Индиските ореви се мелат во мелница за кафе или блендер, се ставаат на страна, па во блендерот го додаваме претходно свареното гравче или леќа, лукчето и миксираме додека не се добие густа хомогена смеса во која ги додаваме претходно сомелените индиски ореви.

Продолжуваме да миксираме. Доколку забележиме дека е густо додаваме вода.

Откако ке ја добиеме саканата густина се додаваат ситно исецканите пиперки и зачините. На крајот пак се`  се промешува за  да се изедначи смесата.

Претходна статијаА ЗА МОНАСИТЕ, ШТО ДА СЕ КАЖЕ! (Од монографијата за Марков манастир)
Следна статијаПРОСТУВАЊЕ ! – Митрополит Наум