Боже, Вечен, кој си го избавил човечкиот род од ропството на ѓаволот, ослободи го Твојот раб од секое дејство на нечистивите духови!
Заповедај им на злите и нечистиви духови и демони да отстапат од душата и телото на Твојот слуга, да не останат ниту да се сокриваат во него.
Во Твоето свето име, во името на Твојот Единороден Син и на животворниот Твој Дух нека се оддалечат од созданието на Твоите раце, та откако ќе се очисти од секакво ѓаволско искушение да поживее свето, праведно и благочестиво, удостојуван co пречистите Тајни на Твојот Единороден Син и наш Бог, co Кого си благословен и препрославен, заедно co пресветиот, благ и животворен Твој Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.
Те призивам Тебе, Владико Боже Седржителу, превисоки неистражен и мирен Царе! Те призивам Тебе, Творецу на небото и земјата, зашто од Тебе произлезе првиот и последниот почеток и крај.
Си им дал на луѓето власт над бессловесните животни, бидејќи Ти, Господи, си го заповедал тоа.
Пружи ја Твојата силна рака и Твојата света моќ и погледни на тоа создание.
Испрати му Ангел, Пазител на душата и телото за да запрети и да го изгони од него секој зол и нечист дух. Зашто Ти си единствен наш севишен Господ и благословен Седржител во вечни векови. Амин.
Достојно е навистина блажена да Те нарекуваме Тебе, Богородице, секогаш блажена и пренепорочна, и Мајка на нашиот Бог. Почесна од Херувимите, и неспоредливо пославна од Серафимите, Бога Сповото нетлено што го Го роди, навистина си Богородица, ние Те величаме.
По молитвите на светите Отци наши, Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј не’. Амин.