Преподобен Гаврило

Старецот поучувал:

„Во последните времиња луѓето ќе ги спасуваат љубовта, смирението и добротата.

Добротата ја отвора вратата на Рајот,

смирението воведува во Рајот,

а љубовта го покажува Бога.“

Сите оние што му доаѓале за благослов, тој со плач ги замолувал:

„Чинете добро, за да ве спаси вашата доброта. Земјата веќе станала полу-пекол…“

• Запаметете:

Христос е Еден, друг нема да има.

• Иако и порано се зборувало за доаѓањето на антихристот, тогаш немало вакви знаци. Имало војни, но немало небески чудеса и сеопшто отуѓување.

•Производите на кои го ставаат бројот на антихристот не може да ви наштетат. Тоа сè уште не е печатот на антихристот. Потребно е да се изговори молитвата „Оче наш“, да се прекрстите, да се напрскате со осветена вода – така се осветува секоја храна.

• Немојте да јадете леб од човек кој го примил печатот на антихристот.

• Во последните времиња антихристовите симпатизери ќе одат во црква, ќе се крстат и ќе ги проповедаат евангелските заповеди. Но, не им верувајте на оние кои нема да имаат добри дела. Само по делата можно е да се препознае вистинскиот христијанин.

• Вистинската вера е во срцето, а не во умот. По антихристот ќе појде оној којшто верата ќе ја има во умот, а ќе го препознае оној којшто верата ќе ја има во срцето.

• Местото каде што ќе го ставаат антихристовиот печат не е дланката, туку показалецот.

Ќе го воведуваат со помош на компјутер под кожата и нема да биде видлив.

Во почетокот – по желба. А кога антихристот ќе завладее и стане господар на светот, ќе ги присилуваат сите да го примат тој печат.

Оние кои нема да го примат, ќе ги прогласат за предавници. Тогаш е потребно да се појде во шума, по десет-петнаесет луѓе заедно. По еден или по двајца не можат да се спасат. Што и да се случи, не губете надеж во Бога. Бог ќе вразуми како да се постапи. Кој ќе биде јак во верата – нема да чувствува ниту глад, ниту жед, ниту ге го допрат природните катастрофи.

• Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвото ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност, – демони.

• Ако украдеш – си прекршил една од десетте заповеди. Кој постапи така – антихристот и така го примил. Човекот што верува ќе има доверба во Господа. А Господ, во последните времиња, ќе чини такви чуда за својот народ, така што еден лист од дрвото ќе биде доволен за месец дена. Човек што вистински верува ќе ја прекрсти земјата и таа ќе му даде леб.

• Ако една девојка силуваат, таа пред Бога ќе остане девствена. Така ќе биде и со печатот на антихристот: ако го стават против човековата волја, тој на човекот нема да делува.

• Во последните времиња не гледајте во небото: може да бидете измамени со чудесата кои таму ќе се случуваат, – да паднете во прелест и да погинете.

Од книгата«Диадема старца. Воспоминания о грузинском подвижнике отце Гаврииле», стр. 148-150.

Преведе- Мина Даниловска

Премин Портал

Претходна статијаДЕДО НАУМ: Ние сме последни, непотребни и бескорисни. Слуги Божји? Не се ни осмелувам да помислам!
Следна статијаМОЛИТВА ПРОТИВ МАГИЈА (од духот на злобата, од лукави луѓе, од магии, проклетства…