Нашите тинејџери мораат сами да созреат до правата вера. А тоа не значи “во изолација”, туку “од свое сопствено искуство”.
Тие треба да израснат во зрели православни личности токму преку таа своја вера дека Православието е вистинито, дека тоа ни покажува кој е Бог и кои сме ние.
Исклучиво таквата вера е она што младите може да ги сочува во Православие во текот на младоста и низ целиот нивен подоцнежен живот.
Некои деца сосема природно возраснуваат од детска во зрела вера, без никакви трауми. Но, не треба да не чуди што тоа возраснување за многу не е воопшто лесно, бидејќи изискува длабоко преиспитување и повторна процена на нивната вера која ја имале како деца.
Сведоци сме дека многумина, сега веќе побожни Православци дошле до својата цврста вера после извесен период на живот надвор од Православието, а понекогаш и после отпаѓањето од Црквата.
Тоа преиспитување на верата од детството може да биде здрав чекор во духовниот развој, иако за последица може да го има извесното одалечување од Црквата.
Таквата личност може да се врати во Црква со многу продлабочено разбирање на верата или пак подобро подготвена да се спротистави на сите, отворени и прикриени напади на верата и начинот на живот кој верата го подразбира.
Покрај тоа што секогаш мораат да бидат подготвени со децата да разговараат за верата, родителите за време на тинејџерските години на своите деца мораат да поминат низ период на грижа, молитва, чекање, попуштање и трпеливо стоење во сенка.
Погрешно би било да се мисли дека светите мајки на христијанските светители од црковниот календар секогаш биле сосема сигурни во поглед на своите деца.
Меѓутоа, она што тие житија ни го покажуваат е дека родителските молитви за децата можат да бидат ептен делотворни.
Најдобрата заштита која што можеме да ја им ја пружиме на наште деца е да им овозможиме да ја доживеат топлината на христијанската љубов во родителскиот дом и меѓу другите христијани од Црква.
Дозволете свети луѓе да го прекрстуваат вашето дете, им говори на родителите Свети Јован Златоуст, кој го кажува и следното;
Постои и друг начин да го сочувате моралот на детето (а ние додаваме “и неговата вера”)-дозволете му што почесто да се гледа со свештеник и да прима илјада зборови на пофалба и таткото на детето да покажува колку е (поради тоа) возрадуван за своето дете.
Добар однос со свештеникот-духовник, исто така, значи дека детето нема да се колеба да му ги исповеда своите сомнежи и свите прашања. Возрасните во Црквата секогаш мораат да бидат подготвени да ги сослушаат децата на другите Христијани со љубов.
Понекогаш може да се случи срцето на младиот човек да се отклони од Бога не затоа што е измачувано со некаков метафизички сомнеж, туку затоа што одвнатре започнува да го опфаќа некоја чудна оладеност кон Христијанството:
На тинејџерите им станува досадно во Црква, повеќе не се молат на Бога, во нив се јавува некој внатрешен отпор веднаш штом се спомене што било што има врска со духовноста и слично на тоа.
Тоа претставува посериозна состојба од состојбата на детето кое сака да оди во Црква или да посетува манастири, а на кое притоа му е потребна поголема слобода во облекувањето и повеќе забава.
Во вториот случај родителите треба да допуштат на своето дете да доживее многу работи со релативно мал ризик, обично неспоредливо помал отколку да не им дозволат да го доживеат тоа.
Меѓутоа во првиот случај нема едноставно решение. Треба да се молиме, да разговараме со својот брачен другар, да се советуваме со нашиот духовник.
Дали исправното решение е да најдеме начин на детето да му дадеме повеќе слобода и повеќе можности за забава?
Дали решението е во поотворен разговор со децата или поголемо искажување на љубов кон децата? Дали треба повеќе да им објаснуваме за нештата кои имаат врска со Црквата?
(Дали сме подготвени да им дадеме такво објаснување?).
Дали решението е можеби во тоа помалку да им објаснуваме?
Дали решението е во тоа да им дозволиме поретко да доаѓаат во Црква?
Треба да се молиме на Бога кои ги познава човечките срца и потребите и субината не секое од Неговите деца.
Треба да ги учиме децата во моменти на сомнеж или недоумици, отворено и искрено да се молат на Бога, со овие зборови:
“Господи, покажи ми ја вистината!”.
Таквата молитва е поуспешна отколку сета христијанска апологетика. Бидејќи, доколку некој во себе нема отвореност за трагање по вистината, тој едноствано ќе биде глув за сѐ што му зборува апологетиката.
Од друга страна, една рационална одбрана на Христијнството од страна на оној на кога детето му верува може навистина да биде од голема полза за детето.
Христијаните кои работат со млади луѓе мораат да ги познаваат основите на христијанската апологетика.
(Секој свештеник ќе им препорача на родителите прави четива за христијанската вера, а особено за Православната Црква).
Постојат два вида сомнеж кои ги мачат тинејџерите во врска со Христијанството.
Едни деца ќе поставуваат прашања затоа што сакаат да го негираат Христијанството, а другите затоа што би сакале да бидат Христијани, но сеуште се двоумат затоа што чуле други како го напаѓаат Христијанството или затоа што размислуваат за тие напади.
Прашањето од типот:
Како да знам дека Правослвието е вистинската вера? –можат да го постават и едните и другите деца.
Има деца кои се свесни дека сомнежот е искушение, но таквите деца родителите треба да ги поттикнуваат уште повеќе да учат за верата, како и за тоа како православното Христијанство го издржало тестот на историјата.
И во овој како и во многу други случаи, врзани за христијанското воспитание, секогаш е подобро да се спречи отколку да се лечи.
Извадок од книгата: Васпитајте своје дете од с. Магдалена.
Подготви: М. Б.
Извор: Премин Портал