„Како што благодатта нѐ посетува Одгоре, така молитвениот акт ја надминува нашата земна природа, бидејќи му се спротивставува распадливото тело, неспособно за издигнување во сферата на духот.

Се противи и интелектот, кој е бессилен да ја опфати безграничноста, бидејќи го колебаат сомнежи, отфрлајќи го сето она што го надминува неговото поимање.

Молитвата се спротивставува на социјалната средина во која ние живееме, која го организира својот живот со поинакви цели, дијаметрално спротивни на молитвата.

Молитвата не ја трпат злобните духови.

Но само таа, молитвата, може да го прероди тварниот свет од неговиот пад, превладувајќи го неговото мртвило и инерција со големо напрегање на нашиот дух во следење на заветите Христови. “

Старец Софрониј

Претходна статијаВладика Наум: Нели христијанскиот идентитет ни е бескрајно поважен од сѐ?
Следна статијаAпостол Петар ни вели: ХРИСТИЈАНИТЕ ВО СТРАДАЊЕТО НЕКА ГО ВЕЛИЧААТ БОГА!