Преподобен Ефрем Сирин – ЗА ПОСТОТ

Засакај го Христовото сиромаштво за да станеш богат во Христовото Божество. Засакај го најубавиот пост – дело многу почитувано и богоугодно.

Постот е кочија што вознесува на небото.

Постот раѓа пророци и дава мудрост.

Постот е добра одбрана на душата, сигурен состанар на телото.

Постот е оружје на смелите, училиште на подвижниците. Постот ги одбива искушенијата, тој е светлина на побожниот подвиг.

Постот е смелост во битките.

Постот го скроти огнот и ги затвори лавовите.

Постот ја вознесува молитвата на небото. Постот е мајка на здравјето. Тој е поука на младоста, украс на старците, добар сопатник на патниците.

Кај оние што постат телото е чесно и душата е драгоцена. Постот го смири Лазар во Аврамовите прегратки.

Затоа и ние да го засакаме за да бидеме прифатени во Аврамовите пазуви. Да се оддалечуваме од раскошот и пијанството кои ги следи гласната смеа и мајката на блудот.

Постот е добросостојба на градот, чесност на пазарот.

Постот е мир во домовите.

Тој е старател и заштитник на невиноста.

Постот е пат кон покајанието.

Постот е извор на солзите.

Постот не го сака светот, ни она што е во светот.

 

Затоа нема да тагуваме додека постиме, бидејќи ангелите во својата Црква ги запишуваат оние кои постат.

Постот не дозволува помнење на злото, а оние кои во сеќавањето го чуваат злото што им е направено, иако надворешно гледано се молат и постат, личат на луѓето кои ставаат вода во дупнато буре.

Господ не ја прифаќа молитвата на оној кој го помни злото на својот брат!

Претходна статијаНе можеме да Го сретнеме Христос, не можеме да Го примиме во себе ако немаме покајание!
Следна статија„Јас го наклеветив слугата Божји”! (Соблазните во Црквата)