Св. Нектариј

Времето во кое се родил и живеел, Свети Нектариј е така наречен мрачен период на православието, по распадот на славното православно ромејско царство и многувековното инославно турско ропство од една страна и свесно наметнатото духовно ропство од западната стерилна схоластичка теолошка мисла од друга.

Во својот живот ги поминува трите степени од духовниот живот:

Очистувањето на срцето

Просветлувањето на умот

и обожувањето на севкупната личност.

Ги поминува и трите степени во богомислието;

практичната или природната,

теоријата или созерцателната и чистата теологија.

 

Со тоа Светителот ја актуелизира полнотата на крштенската благодат во него и божествените енергии и нам ни ги пренесува преку неговите молитви и дела, а неговото слово преобразено и очистено во неговото срце и самото добива сила, станува слово со власт и Божјо Слово – Богословие.

Во теолошката мисла на светителот се надзира западниот схоластички систем кој го стекнал во академијата.

Но заради неговото преобразено чисто срце и просветлен ум тој ја исчистил, преобразил и просветлил со што и го очистил преобразил и просветлил патот на идната генерација теолози, т.н. неопатристи или ново патристи.

Неговата општа, посебно богословската ученост, неговиот свет аскетски живот и неговите дела ни откриваат еден навистина голем богослов и отец на Православната Црква кој одлично го познава учењето на светите отци.

И со право Епископот Пентаполски можеме да го вброиме рамо до рамо со великите отци на Црквата Божја.

Тој воведува „нов“ дух во Црквата, или поточно се враќа на самиот почеток од животот на Христовата Црква, возобновувајќи го монаштвото во неговата аскетско – исихастичка основа и старчество, и просветлувајќи и оживувајки го теолошкото образование.

Исповеда, проповеда, пишува боговдахновени книги, со што ја разбудува помалку заспаната христијанска совест.

Тој е вистински Епископ и пастир на овците кој својот живот го полага за нив. Успева елинската (традиционална) философија, западната схоластика (секуларизмот) и грчкиот национализам етнофилетизмот) да ги покаже во нова светлина и православно да ги насочи кон Христа.

Таквиот пастир го познаваат овците, го слушаат и одат по него.

„По примери на Светиот, Кој ве повика и вие бидете свети во сите ваши постапки“

(I Пет. 1,15)

„Бидете свети, оти Јас сум свет“ (I Пет.1,15-16).

 

Дванаесетте последни години од животот тој ги поминал во манастирот со монахињите, воспитувајќи ги за Небесното Царство. Многу таги и искушенија требало да помине,

Ваков совет тој низ песна дава на секој монах:

Возљуби ја молитвата, постот и бдението,

биди усрден во трудот и пребивај во безмолвие,

усовршувај се во смирението,

трпението, истрајноста,

расудувањето и вниманието.

Почитувај го самоодрекувањето, благородието,

доброчинството, духот на правдата, цeломудрието

и чистотата срдечна.

Биди скромен, целомудрен, послушен, милостив,

повлечен и незлобив.

Не си простувај сам на себе, не заборавај си ја работата.

Засакај го трудот, протерај го стравот, отфрли го гневот,

Стекни го спокојството на духот.

Криј се од страсните желби.

Не се грижи за ништо излишно,

зашто само за едно треба да се грижиш,

за духовното возрастување.

Подвизувај се и устреми се кон совршенството,

За да би принел плод достоен на покајанието.

Имај си го во срцето споменот на

Името на Небесниот Жених,

та не престанувај Нему да Му служиш.

Возљуби го животот во дворите Господови,

и со сето срце прослави го Создателот и Бог твој.“

Претходна статијаДОБРО – БЕЗ НИКОЈ ДА ЗНАЕ – Старец Порфириј (поука)
Следна статијаДа се бара награда? (кратка поука)