Не треба пред време да бараме многу , за дарот Божји да не пропадне заради брзината на неговото примање.

Сѐ што се постигнува лесно, бргу и се губи; сѐ што е добиено со страдание на срцето пак, грижливо се чува.

– Ние треба срцето да го втемелиме на делата на покајанието и живот угоден на Бога. Ако храмот на срцето не биде извалкан, туку чист, тогаш даровите Господови доаѓаат сами по себе.

Значи Црквата Божја го отфрлила намерното трагање по возвишени Божји дарови.

Оние кои го прават тоа, ќе се возгордеат и ќе паднат, бидејќи тоа не е знак на нечија љубов кон Бог, туку болест на душата.

И како да трагаме по возвишени Божји дарови, кога божествениот Павле се фали со страдања, а за најголем Божји дар го смета учеството во Христовите страдања!

– Ако Му се молиш на Бога за нешто, а Тој се двоуми да те услиша, не тагувај заради тоа: ти не си попаметен од Бог. Така се случува по најмудра Божја промисла, која е несфатлива за човековиот разум.

– Смиреномудрениот, кога застанува на молитва и кога е удостоен со неа, не се осмелува да побара нешто од Бог. Тој не знае за што би се молел, туку со своите помисли молчи и ја очекува само милоста и волјата, која за него ја изрекува Величеството на Кое му се поклонува.

Неговото лице е свртено кон земјата, а внатрешниот поглед на срцето е вознесен кон славните двери во Светињата над Светињите.

– Кога Му се поклонуваш на Бога на молитва, во мислите свои биди како мравка, како инсект, како црвче, како дете кое пелтечи.

Не зборувај пред Него нешто мудро; со детски начин на размислување приближувај Му се на Бог

Свети Исаак Сирин

 

Претходна статијаСВЕТООТЕЧКА РИЗНИЦА Свети Игнатиј Брјанчанинов (Верувајте и надевајте се во покајанието, па „Божјото само по себе ќе дојде” кај вас…)
Следна статија„Јас не познавам Христос Грчки, Руски, Англиски, Арапски…