Прашање 115. Која е шестата Тајна?

Одговор. Тоа е чесниот брак, кој бидува прво пo взаемна согласност на мажот и жената, а ако нема никакви пречки.

Но овој договор уште не е доволен за да се склопи исправен брак, ако самите тие пред свештеникот не го потврдат взаемното ветување и не си подадат раце, дека секој од нив ќе ја чува взаемната верност, честа, брачната љубов до кpajoт на својот живот, макар каква опасност да ги снајде и дека не ќе го остава еден другиот.

Најпосле се утврдува и се благословува од свештеникот овој договор и нивното ветување и бидува како што е написано: бракот чесен во сите и брачното легло – чисто (Евр. 13,4).

Прашање 116. Какви се плодовите од оваа Тајна?

Одговор.

Прво, што човекот во бракот се склонува од опасноста да падне во блуд и невоздржувањe. Зашто чесниот брак е востановен заради тоа да ја скроти телесната похотливост, како што говори Павле: за да се избегне блудството, секој нека си има своја жена и секоја жена свој маж (1. Кор. 7,2).

Второ, да биде чесно и законско раѓањето на децата и да се почитува раѓањето.

Трето, што за време на некои болести или во случај на друга опасност, мажот бидува верен пазител на жената и жената на мажот, поради големата љубов и врската на онаа приврзаност, којашто се раѓа меѓу нив, за што сведочи Светото Писмо:

Затоа ќе остави човек татко и мајка и ќе се прилепи до жената своја и ќе бидат обата едно тело (1 Мој. 2,24).

Пренесено од книгата “Православно исповедание на верата на Соборната и Апостолска Источна Црква”

Претходна статијаСите се повикуваат на примање на Крвта Христова! (За Светата Тајна Причест – Свети Игнатиј Брјанчанинов)
Следна статијаШто треба да знаеме за Св. Тајна Покајание ? (Ете, сега си здрав и не греши веќе, за да не те снајде нешто полошо (Јн. 5,14)