“Секој роден од Бога не греши, но родениот од Бога се пази, и лукавиот не се допира до него” (1. Jов. 5, 18), “Бидејќи е роден од Бога” (1. Jов. 3, 9), како што рекол Он во Евангелието:
“Ако не се повратите и не бидете како деца, нема да влезете во царството небесно” (Матеј 18,3) и:
“Како новородените деца, бидете желни за вистинско и разумно млеко, та во него да порастете за спасение” (1. Петр. 2,2).
10. Кои работи им се својствени на децата?
– Детето, ако некој го натепа, плаче, a co радосните се радува;
ако го скараат, не се гневи, а ако го пофалат, не се превознесува;
ако му обрнат поголемо внимание на неговото другарче, не е љубоморно;
ако му земат нешто од она што му припаѓа, не се лути;
ако му остават помало наследство – не бара повеќе и не оди по судови; не го бара на сила своето, на никого не му завидува;
ако е сиромашно, не тажи; ако е богато, не се превознесува;
ако види жена, не ja пожелува; сластите похотливи и грижите за многу работи – не господарат над него;
никого тоа не осудува; не сака над никого да господари; на никого не му завидува; не се фали co она што не го знаат; co никого за ништо не се подбива; co никого нема непријателства; не се преправа; не ги бара почестите на светот; не е среброљубиво; не е жестоко и безочно; не сака расправии, не ги учи другите страсно; никој не го вознемирува; и ако го соблечат – не се жали; не настојува да биде како тоа што сака; не се плаши од глад, ниту се плаши од злочинци; не се плаши ни од ѕверови, ниту од војна; кога има гонење, тоа не се обеспокојува.
11. Такво е детето, такво е она за кого нашиот Господ Исус Христос, давајќи го како пример за угледање на возрасните рекол:
“Ако не се обратите, и не бидете како деца, нема да влезете во царството небесно”.
Преподобен авва Исаиј