Имај го умот во Бога и срцето спонтано ќе трепери од радост

Слушнете да ви кажам нешто што ми се случи пред неколку дена. Дојде тука еден монах од Света Гора, кој се занимава co умствената молитва. И тој ми вели:

– Како се молиш? Дали седиш на ниско столче, ја наведнуваш главата и се концентрираш?

– He. Внатре во својот ум ја кажувам молитвата „Господи Исусе Христе…”, чисто, и внимавам на зборовите. „Господи Исусе Христе, помилуј ме…”, ги кажувам во својот ум и внимавам единствено на зборовите.

– Старче, не зборуваш добро. Многу заблудено зборуваш. Умот треба да е во срцето, па затоа се нарекува „срдечна молитва”.

– Да ти кажам и нешто друго. Неколку пати кога имав некакво искушение, jac во својот ум си ја претставував сликата на Распнатиот Христос, co закованите раце и нозе од кои тече крв, co трновиот венец како му го боде челото, и коленичејќи пред Неговите нозе, My велев:

„Господи Исусе Христе, помилуј ме”.

– И не го ставаш умот во срцето?

-Не, му реков јас.

– Имаш прелест, во заблуда си, ми вели тој. Умот треба да биде во срцето, и затоа се нарекува „срдечна молитва”. Заблуда!

Стана да си оди. Јас му реков:

– Старче, слушни да ти кажам. Кога ја кажувам молитвата во својот ум, понекогаш мојата радост се засилува, и кога ќе ми се засили радоста кажувајќи ја молитвата „Господи Ису се Христе…”, го чувствувам умот како трепери заедно co срцето.

Значи, го чувствувам мојот ум како паѓа во срцето и ја чувствувам оваа радост. Почнувам да се молам умствено, a потоа, кога ќе дојде благодатта, умот самиот слегува во срцето.

– Е, така, тоа е тоа! Ми рече тој. Прости ми што реков „заблуда”.

Умот е тој што мисли. Срцето не мисли. Имајте го умот во Бога, и срцето спонтано трепери од радост. Тогаш си во умиление. За да дојде Христос во срцето, вие треба да Го возљубите.

За да Го возљубите, треба прво Он да ве возљуби. Треба прво Бог да ве познае, а потоа вие Hero. За да ве возљуби, треба да бидете достојни. За да бидете достојни, треба да се подготвите.

Најпрво од се’: себичноста да биде далеку од вас. Молитвата треба да биде несебична. Се’ се прави таинствено и несебично. Значи, немојте да размислувате дека, ако се сконцентрирате co умот, ќе дојде благодатта и во срцето, па ќе имате треперење.

Немојте да се молите co таква пресметка, туку co едноставност и смирение. Секогаш да сте насочени кон Божјата слава. Што ви кажав за славејчето? Тоа пее без никој да го гледа. Така треба да бидете и вие, несебични. Предавајте се себеси на служење на Бога.

Меѓутоа, внимавајте! Како што рековме, „да не знае вашата лева рака што прави десната”. Вашето лошо „јас” да не го забележи тоа. На мек начин бркајте ги страстите, осудувањето, лутината итн. Немојте директно да го удирате злото, туку игнорирајки ја страста, насочете се co љубов кон Бога.

Занимавајте се co црковните песни, co тропарите на светителите, мачениците и co Давидовите псалми. Изучувајте ги Светото Писмо и Отците на Црквата. На тој начин вашата душа ќе се осветува, обожува, ќе биде кротка и нежна и подготвена да ги слушне Божјите пораки.

Благодатта пополека ќе ве посетува. Ќе влегувате во радоста. Ќе почнете да живеете во мир, па потоа ќе бидете посилни co Божјата благодат. Нема да се лутите, нема да се нервирате, нема да замерувате, нема да осудувате, туку сите ќе ги прифаќате co љубов. Ќе го имате она што го вели апостолот Павле:

„Љубовта не е завидлива, не се превознесува, не е горделива… не е непристојна, не памти зло… не се радува на неправдата, туку се радува на вистината; се’ покрива, во се’ верува, на се’ се надева, се’ трпи. Љубовта никогаш не пропаѓа.

Молитвата ја чисти душата и го држи умот. Најсовршеното дело се извршува во непристапната длабочина на човековата душа. Таа длабочина е херметички затворена и позната My e само на Бога. Така гледаме нешто трогателно: луѓе се преобразуваат во Божји деца, иако биле стасани до длабочината на самоуништувањето.

И јас кутриот, кој сум крнтија, вака се трудам. He се растурам во молитви јавно, туку се молам тајно.

Разбирате ли? Божјата благодат доаѓа и ве покрива. Тоа ви дава освежување и благодат и вам, co кои живееме заедно, јадеме заедно, разговараме, се молиме, едноставно се дружиме.

Разбирате ли? Само некој непромислен човек, „груб човек, кого молитвата не може да го трогне, останува туѓ на благодатта. Молете се Бог да ви ги објави скриените тајни.

Има многу нешта што не ги знаеме. Кажувајте My на Христос:

„Господи, нека биде се’ како што сакаш Ти, како што сака Твојата љубов”. Он ќе ве води. Кон Hero насочете го погледот.

Пренесено од книгата “Животот и словата на старец Порфириј Кавсокаливит”

Претходна статијаЉУБОВТА НИКОГАШ НЕ РАНУВА! (Отец Андреј Конанос)
Следна статијаПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦЕ, МОЛИ ГО БОГ ЗА НАС…