СВЕТОТО ПИСМО НЕ’ ПРОСВЕТЛУВА ДА ГИ РАЗЛИКУВАМЕ ДУХОВИТЕ
Денес се случува многу често да среќаваме свети луѓе, но и луѓе што се во прелест!
Може да се случи да појдеш кај некој пустиник, подвижник, и штом те види да ти рече:
„Добредојде (името)! Како не обрна внимание и се заплетка во таа работа?”
Тој ти го кажал името без да те познава и ти зборувал за некоја скришна ситуација. А ти си велиш: „Овој човек е свет! Ми го кажа името, ми ги кажа моите тајни”.
Меѓутоа, одиш и кај некој бајач (треба да знаете дека светов е полн co бајачи, измамници што се богатат), па и тој ти кажува од каде си дошол и каде одиш. Тогаш се збунуваш, па си мислиш:
„Што се случува тука? И тој ми го кажа името… Дали е и тој свет?”
Ете како ги побркуваме работите.
Светото Писмо не’ просветлува да ги разликуваме духовите, па затоа треба да го поседуваме и детално да го изучуваме. Едно е опиеноста на апостолите преку Божјата благодат и Светиот Дух, а друго се случува co коривантите, кај коишто јасно може да се види духот на сатаната.
Тоа што се случува co бајачот е заблуда и недолично и безумно однесување. При тоа ѓаволот се појавува како „ангел на светлината”. Ако не ги знаеш неговите лукавства, нема да можеш да кажеш дека тоа не е од Божјиот Дух, па постои веројатност да бидеш заведен и да помислиш дека се работи за позитивен ентузијазам.
Многумина пострадале така.
Bo овие состојби постојат две работи: доброто и лошото.
Добриот ангел и лошиот ангел, односно демонот, злиот дух. Исто така и во нас постои и доброто и лошото, односно стариот човек и човекот во Христа. Стариот човек е оној кој му подлегнува на старото „јас”.
Врз него лошиот дух има големо влијание и станува лош. Тој сиот свет го гледа co лошо око, им посакува лошо на сите и постојано колне. Личи на Франкојана од Пападијамантис, која минала многу маки во животот и душевно многу ja имале рането.
Така, некој човек (да речеме, некој бајач) што го прима влијанието на лошиот дух, постојано хули. Може и да пророкува и да кажува за идни настани, но сето тоа е насочено кон зло. Тој е насочен надолу и од злоба прави лоши работи, кои потекнуваат од стариот човек.
Тој стапува во демонска состојба, а не во духовна возвишеност А таму Го нема Бога. Меѓутоа тој тврди дека е Христов. И навистина, тој може навидум да и’ припаѓа на Црквата, да е крстен и да го знае Евангелието.
„Но сплеткан е со злото и разболени му се мислите, фантазијата и душата. Тој човек може и други луѓе да доведе во заблуда, велејќи:
„Го видов Христос, ја видов Богородица. Ми кажа дека ќе има војна, ќе се случи убиство или нешто слично… И, навистина, тоа се случува, затоа што ѓаволот го испланирал злото, па затоа и го познава. Разбирате ли?
Но сите овие се побркани и конфузни работи. Иако тој ти вели дека ги видел Богородица, Света Троица или свети Серафим, кој му рекол „ова или она”, всушност можно е да станува збор за некој бајач. Дали сфаќате?
Па тој паѓа долу, ги губи сетилата, му излегува пена и плаче. Тогаш се гледа дека тој човек не е Христов. Можеби тој си мисли дека е вдахновен од Христос или од Богородица и од светителите, но тоа не е вистинито.
Ако некој некогаш му дојде на човек којшто е воден од злиот дух, па му рече дека е измамник, му удри шлаканица и му каже некој лош збор, тогаш ќе почне да хули и на Бога и на се’ што е свето и божествено.
Тој се наоѓа во демонска состојба, која полека ќе го одведе во лудница. Значи, сите тие состојби, спиритуализми и слични нешта се болни!
Пренесено од книгата “Животот и словата на старец Порфириј Кавсокаливит”
Подготви М. Д.